Најмалку осум милиони тони пластика секоја година го наоѓа својот пат кон морињата и океаните. Во морињата, до 2050 година ќе има повеќе пластика од риба, е шокантниот заклучок во извештајот претставен на Светскиот економски форум во Давос. Се истакнува дека секоја минута во океаните с еистоварува еден камион отпад. „Доколку ништо не се преземе, се очекува тој број да се зголеми на два камиона во минута до 2030 година, и четири во минута до 2050 година“ се наведува во извештајот.
Во овој момент во океаните има над 150 милиони тони пластика. Во извештајот с енаведува дека индустријата воопшто не се занимава со овој проблем. Пазарот е во зголемена побарувачка од пластична амбалажа која с екористи за еднократна употреба, а не постои секогаш адекватен начин за нејзино одлагање