Во својот годишен извештај посветен на високите згради, Советот за високи згради и урбани живеалишта Council on Tall Buildings and Urban Habitat (CTBUH) соопшти дека во 2016 година се завршени рекордни 128 згради повисоки од 200 метри.
Највисока зграда е финансискиот центар во Гуанжу, Кина
Оваа бројка го надминува претходниот рекорд од 114 згради завршени во 2015-та. Осумнаесет од овие згради станале највисоки во своите градови, земји или региони, а десет згради го добиле епитетот „супервисоки“ со височина од над 300 метри.
Објект Eton Place Dalian Tower 1, Далиан, Кина
Најголем број од зградите, дури 107 се наоѓаат во Азија, која ја зацврстува својата позиција на епицентар на облакодерите. Само во Кина има 84 новоизградени високи згради во 2016 г., а највисоката од сите е зградата на финанскискиот центар во Гуанжу (Guangzhou CTF Finance Centre). Облакодерот висок 530 метри е втора највисока зграда во Кина, и петта највисока зграда во светот.
Куќа на федерацијата во Москва, Русија