Насловна / Форум / “СКОПЈЕ 2014” АРХИТЕКТОНСКО – УРБАНИСТИЧКИ КОМПЛЕКС СО НАЈВИСОКИ ЕСТЕТСКИ ВРЕДНОСТИ

“СКОПЈЕ 2014” АРХИТЕКТОНСКО – УРБАНИСТИЧКИ КОМПЛЕКС СО НАЈВИСОКИ ЕСТЕТСКИ ВРЕДНОСТИ

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/vasil-iljov.jpgПочнувајќи од 1965 година се распишани повеќе меѓународни, републички и локални архитектонско – урбанистички конкурси за уредување на централното градско подрачје на Скопје и за дефинирање и обликување на централниот градски плоштад. Многу експерти од различни области на проектирањето вложиле  исклучителна позитивна енергија и достојно за почит поединечно и колективно професионално знаење, продолжувајќи го со своето творештво континуитетот на Македонската Цивилизација.

Честопати севозможните субјективни и објективни причини биле непремостлива пречка за соодветна реализација на многу наградени идејни решенија. Проектираната инфраструктура и волуменско – просторна композиција за град од 180.000 жители веќе предизвикува сериозни проблеми за нормалниот крвоток на град Скопје, кој надминува реална бројка од 650.000 жители со секојдневен инвазионен бран од околу 150.000 гости, кои гравитираат и бараат решение на своите административни, културни, работни и други егзистенцијални потреби.


Новиот концепт за надземно и подземно паралелно уредување на плоштадите “Македонија” и “Карпошово востание”, како и внесувањето соодветни архитектонско – урбанистички содржини на левиот и десниот брег на реката Вардар во централното градско подрачје со цел во издржана симбиоза да се задоволат севозможните барања на граѓаните на Скопје и Република Македонија, поврзани со уникатни јавни функции од областа на локалните и државните репрезентативни институции (Градска куќа, хотели од висока категорија, Уставен суд, Архив на Македонија, Министерство за надворешни работи, Јавно обвинителство, Финансиска полиција, Агенција за електронски комуникации итн.), како и од областа на културните и духовните вредности (Стар скопски театар, Музеј на македонската борба, Археолошки музеј, црква Св. Константин и Елена, монументални споменици на Александар Трети Македонски, Јустинијан Први, Цар Самоил, Карпош  војвода, Гоце Делчев, “Независна Македонија” Порта “Македонија”, итн.), подразбира исклучителна одговорност на сите креативни умови вклучени во организацијата  и обликувањето на најмаркантните волуменско – просторни композиции за експонирање на достоинството на Македонија и на секој Македонец, кои, со користење на современи и традиционални материјали и форми и современа функционална и концептуална интерпретација на државниот суверенитет, создаваат нова координирана семантичка идентификација на елементите во амбиенталната вредност на препознатливиот административен,  политички, културен, трговски итн. центар на Македонија, како суверено право на македонскиот народ да го продолжи достоинствено седумдесет и седум илјадогодишниот континуитет на Македонската Цивилизација.


Користењето содржини, форми, детали и естетски обликувни елементи од разновидните иновации на македонските архитектонски и уметнички изразни средства, применети во изградбата на околу 70 Александрии, околу 110 Селевкии и Антиохии, повеќе Птолемаиди и други македонски градови од епохалниот период на Македонизмот од времето на Великото Македонско Царство со територија од 3,8 милиони квадратни километри на македонскиот цар Александар Трети Македонски (336 – 323 г.п.н.е.) и на 4 македонистички царства и 3 македонистички кралства на неговите наследници (305 – 30 г.п.н.е.), како и околу 570 градови – тврдини од периодот на Големиот Македонец од Таор – македонскиот цар   Управда, Вистинијан, Истинијан или Јустинијан Први (527 – 565 г.н.е.), вклучувајќи и 70 градови – тврдини на Јустинијана Прва, како  и делата на владетелите од Македонската династија (867 – 1056 г.н.е.), периодот на Македонското Царство (976 – 1018) и подоцнежниот еволутивен процес, нé прави горди на великата македонска архитектонска и градоградителска школа и традиција, која во Западната Цивилизација и во светот изроди антика, романика, ренесанса,  барок, рококо, неокласицизам итн., а денес некои ни го оспоруваат правото и од различни позиции забрануваат да го користиме искуството на нашите предци и исклучителниот македонски вклад во Светската Цивилизација, сакајќи да нé убедат дека сето тоа не припаѓа на континуитетот на епохалната Македонска Цивилизација.


За реализација на исклучително важниот проект на Владата на Република Македонија и на Општина Центар за концептуално внесување крајно неопходни нови архитектонско – градоградителски и естетски содржини за семантичко надополнување и обликување на сликата на градот и одделно на централното  јадро на Скопје, со користење на научна методологија на проектирање и одлучување, на најтранспарентен начин се ангажирани  околу 2.000 различни експерти од областа на проектирањето и соодветни степени на ревидирање и усвојување на конкурсните решенија и нивната проектантска разработка што придонесе до нов квалитет во третманот и организацијата на просторот во современата македонска архитектура, базирана на достоинствено почитување на континуитетот на македонската архитектонска традиција, која од своја страна на широка врата го врати најпозитивното препознатливо искуство на Македонизмот во современата македонска архитектура, како најинспиративно македонско архитектонско – урбанистичко наследство.


Скопје има континуитет на живеење најмалку 7.000 години. Суптилната архитектонска семантика, која е инспирирана од најуспешните реализации на македонската архитектура и која има име и палеолитска писмена традиција најмалку од 77.000 години, ќе биде нî само македонски “мемориски архив” во просторот, туку, со своите впечатливи и уникатни современи волуменско – просторни композиции, ќе го презентира и националниот идентитет на македонскиот народ. Многу окупатори, антимакедонисти и наводни “валоризатори” се обидувале намерно целосно да го уништат или, со демагогијата на своите наводно “нови естетски вредности” на наметнатиот духовен и животен јарем, секогаш многу суптилно, многу доследно и административно многу непопустливо и апсолутистички наметнувале своја тоталитарна концепција на организација и обликување на просторот, проследена со вандалска самоувереност на уништување на затеченото македонско архитектонско, градоградителско и културно наследство при задолжително остварување на крајно нецивилизациски концепт на изградба на објекти од сакралната и профаната архитектура со принудна политика на идеолошка  доминантна суперпозиција на поробувачот, дискриминаторски и трајно елиминирајќи ги сите белези на архитектонското наследство на поробениот македонски народ. Така, на пример, Римјаните  уништиле повеќе македонски градови и села, а потоа граделе градови низ светот   со македонски координатен систем и македонски  градоградителски принципи; Латините во 1204 – 1208 година ја опљачкле Македонија и само во Цариград срушиле повеќе од 10.000 цркви; во Горниот и Долниот град од Скопската тврдина, т.е. во историското јадро на Скопје, во периодот од 1392 година до средината на XV и почетокот на XVI век или најдоцна до XVII век се срушени околу 20 цркви од XI – XIV век наведени во Грамотата на крал Милутин од 1300 година за манастирот Св. Георги – Горг Скопски и тоа: манастирот Св. Георги Горг – Скоропостижник од XI век; црквата Св Архистратиг Михаил од  XII век; црквите Св. Никола, Св. Богородица Троеручица, Св. Георги на властелинот Апокавк, Св. Врачи,  Св. Никоје, Св. Прокопиј, Св. Георги во Церебулската пештера, Св. Атанасиј, Св. Петка, Св. Марина, Св. Георги на монахот Ксенофон, сите од XIII век итн. и на многу нивни локации се изградени џамии на султани, паши и бегови. Во војната од 2001 година се запалени или уништени 65 цркви и манастири.


Денес, кога Македонија е самостојна и независна држава, со огромен научен и стручен потенцијал, има суверено право да реализира сопствени грандиозни урбанистички,  архитектонски,  обликувни и тнт.  проекти дури и во време на светска криза. Еден импозантен тим од врвни македонски интелектуалци, користејќи ги историските, природните, географските, климатските, релјефните, сеизмолошките, хидролошките и пејсажните карактеристики, почитувајќи ги создадените вредности, како и подобрувајќи ја сообраќајната поврзаност и инфраструктура, та разновидните архитектонско – урбанистички критериуми и контексти, создаде креативни, инвентивни и оригинални решенија за функционална и просторна структурираност на сеизмички стабилни, изводливи и економични објекти со современ третман соодветен на функциите, со нивно внимателно и соодветно дооформување на постоечкиот и успешно воспоставување на нов македонски архитектонско – уметнички контекст околу и помеѓу кејскиот простор на Јустинијановиот камен мост, мостот “Гоце Делчев”, мост “Око”, “Мост на уметноста”, мост на ул.”Моша Пијаде”.


Возбудливиот грандиозен проект “Скопје 2014” е историска шанса на Македонизмот, можеби единствен зафат и пресврт во современата македонска архитектура, кој ги почитува најкреативните традиционални дострели на најеминентните остварувања на македонската и македонистичката архитектонска мисла и кој е продукт на најсовремени методи на проектирање и традиционално обликување на просторот и објекти во просторот, создавајќи достоен скопски и македонски архитектонско – урбанистички комплекс со највисоки естетски вредности.

 
Скопје, 8 – 18. 02. 2010 год.                            ВАСИЛ ИЉОВ, дипл. инж. арх.
                                                                         советник – конзерватор

Испрати коментар

Scroll To Top