Насловна / Форум / СКОПЈЕ 2014, ПОГРЕШЕН ОДГОВОР

СКОПЈЕ 2014, ПОГРЕШЕН ОДГОВОР

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/forum/gorgi_lazovski.jpgНајпрво би започнал со поздрав  и пофалби за  иницијативата  за градење и обликување на  главниот град на нашата држава Скопје, како центар во кој се стационирани главните збиднувања, како главен град кој е амбасадор на нашата култура и еволуција . Неодамна во јавноста  како непријатно  изненадување проструи визуелизацијата за новиот редизајн на Скопје, кој како контекст на иницијативата за обновување е тотално ПОГРЕШЕН ОДГОВОР.

Проектот за Скопје 2014 е крајно несериозен и несоодветен одговор на потребите и прашањата што како проблематика ја тангираат нашата култура , пред сè нашиот идентитет, и што е најстрашно целата таа идеја, има големи шанси да се материјализира, односно да стане наша реалност. Проектот Скопје 2014 е тотално без концепт, вештачки , во себе содржи архитектура т.е неархитектура, која никако не се надоврзува на  времето во кое живееме. Мешавина од  кичеста архитектура и копирани објекти  кои сплотени заедно во еден ваков проект, ни даваат јасен прозивод, а тоа е слободно можам да кажам ТУРБО ФОЛК Архитектура. Е па ајде нека ни е на здравје, Македонија штотуку пронајде нов правец, нов стил  во архитектурата. Затоа мислам дека јавно треба да се дискутира за консеквенците што можат да произлезат од овој проект, и кои во себе содржат катастрофален потенцијал и навремено да се интервенира. Живееме во едно современо општество, кое само по себе има потреба од други одговори на ова прашање. Македонија, т.е Скопје заслужува подобра иднина, еден современ изглед кој ќе го штити и брани нашиот идентитет, ќе ја претставува нашата култура,  а главен медиум за тоа секако е архитектурата. 

Ѓорѓи Лазовски – МОБИУС ДИЗАЈН СТУДИО

Испрати коментар

Scroll To Top