Насловна / Дневни Вести / Заврши Летната школа за архитектура 2010 година во Крива Паланка

Заврши Летната школа за архитектура 2010 година во Крива Паланка

manastir-kriva-palanka.jpgВо Центарот за култура e отворена изложба на 12 архитектонски дела, создадени во рамки на 19-тата сесија на меѓународната „Летна школа за архитектура 2010 година“, што се одржа од 3 до 11 јули во конаците на манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.

Годинашнава тема на школата беше под наслов „Архитектурата е (сета) за луѓето“. На летниот кампус во „Сарандопорски“ учествуваа околу 30 студенти, кои работеа под надзор на менторите Михајло Зиноски, Јован Ивановски, Димитар Папастеревски и Марина Огнен, сите под раководство на проф. д-р Анета Христова-Поповска.

Во рамки на едукативниот дел, предавања одржаа професори архитекти од Турција и Италија, Бурак Алтинишик и Масимо Кроти.

Проектот е поддржан од Македонската православна црква, Министерството за образование и наука и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. (МИА)

 

monastery-kriva_palanka.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top