Насловна / Саеми / Меѓународен саем за мебел во Милано 2010

Меѓународен саем за мебел во Милано 2010

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/saemi/saem-za-mebel-milano-2010.jpgМодерна класика за љубителите на стилски мебел

 

Годинава, околу 2300 изложувачи ги претставија своите производи на површина од 210.000 м2 на интернационалниот саем за мебел во Милано

 

 

Се одржа од 14 до 19 април. Над 300.000 посетители имаа
несекојдневна можност да ги погледнат новитетите во сферата на
минималистичкиот мебел, кујните, канцеларискиот простор, бањите и
асесорите, како и да ги дознаат идните трендови во уредувањето на
станбените и јавните простори.

 

Во салоните за мебел и асесори беа застапени категориите: класика, модерна и дизајн сместени во 5 павилјони, односно 14 хали. Salone Internazionale del Mobile (саем за мебел) и Salone Internazionale del Complemento d’Arredo (асесоари за домување) – како негов составен дел, презентираа широка палета на високо квалитетни производи: секаков вид мебел, од самостојни парчиња до комплетно опремени простори, од класичен до современ дизајн. Покрај овие изложби во фасцинантниот објект Fiera Milano беа прикажани и: Eurocucina (кујни), International Bathroom Exhibition (бањи) и Salone Satellite (претставување на млади дизајнери).

 

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/saemi/saem-za-mebel-milano-2010-2.jpgКЛАСИКА – дизајн наменет за љубителите на стилскиот намештај. Овде мебелот беше изложен во 4 хали во склоп на 2 павилјони. Секој штанд имаше своја приказна, а во него просторите беа беспрекорно уредени до најситен детаљ. Беа претставени спални соби, гардеробери, кревети, трпезарии, дневни соби, детски соби, гарнитури, маси, столици, мебел за градина, асесоари, орнаменти и текстил, кои покажаа дека креативноста не познава граници, дури и кога се работи за поле за кое обично мислиме дека сите дизајнерски можности се веќе исцрпени.

 

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/saemi/saem-za-mebel-milano-2010-3.jpgМОДЕРНА тренд за оние што се чувствуваат вечно млади Изложувањето на мебелот од оваа категорија беше во 4 хали кои беа во состав на еден павилјон. Штандовите се карактеризираа со едноставен изглед, мебел со прави линии, но не толку впечатлив во однос на другите категории. Материјалот за изработка на мебелот беше исклучиво од медијапан фарбан во бела, сива, црна и капучино боја. Механизмите на отворање беа секогаш на допир (touch систем), а нивното лесно затворање, со примена на софистицирано бавно запирање.

 

 

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/saemi/ultra-moderen-dizajn.jpgУЛТРА МОДЕРЕН ДИЗАЈН

Во оваа категорија штандовите беа неверојатно впечатливи и беспрекорно уредени. Беа прикажани ултрамодерни парчиња на мебел од светски познати имиња на дизајнери и фирми за мебел, во состав на 2 павилјони, односно 6 хали. Во дневните простори како главен елемент во уредувањето и понатаму се полиците со книги-библиотеки кои се состојат од затворени полици, отворени полици, комбинирани полици со отворени и затворени делови, елементи на лизгање од еден до друг крај на полиците, елементи кои се испакнати од останатите полици итн., сè во зависност од големината на просторот каде се сместуваат. Се протегаат најчесто до висина на плафонот, но може да бидат и до одредена висина на ѕидот, лесни на дофат на рака. Трпезариските маси претставуваат дел од дневните соби, опремени со дрвени, медијапански или стаклени маси и столови со модерен дизајн. Детските соби се практично уредени, со весели бои и разиграни форми. Често се јавуваат и ликови од стриповите како слики на ѕидовите или апликации на плакарите.Во спалните соби покрај раскошните дизајнерски кревети има плакари кои најчесто се со стаклени вратички зад кои се гледа беспрекорно уредената гардероба. Некогаш плакарите претставуваат и комплетно отворени простори, или пак плакари на лизгачки врати од обоен медијапан во различни бои. Покрај ова има и комоди за ТВ, како и мали фотелји. Осветлувањето на просторите е со лентовидни вградени светла-рефлектори или со повеќе лустери групирани на едно место.

 

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/saemi/saem-za-mebel-milano-2010-4.jpgКУЈНИ

Tимот на Eurocucina со нетрпение го дочека Биеналето на саемот за мебел, за да ги претстави најновите трендови. Беа презентирани кујни во повеќе стилови, започнувајќи од класичен стил, па сè до ултрамодерен дизајн. Елементите и асесорите беа изведени од пластичен ламинат, дрво, метал, стакло, лакиран медијапан. Можеше да се види бесконечен дијапазон на идеи и решенија за кујнски простор, кој веќе не е само функционален, туку сè повеќе станува место за социјализирање во домот. Како феномени во дизајнирањето кујни, секако треба да се спомнат оние што се претставуваа како „скриен ѕид“. Тие однадвор личат на лизгачки плакари, а во внатрешноста содржат елементи од кујната. Дел од работните плочи со електрична контрола се подигнуваат над површината формирајќи пулт, други пак се извлекуваат од пултот каде е сместен шпоретот со што се добива поголем простор за манипулација. Дури и чешмата може да се симнува автоматски, а електричните штекери групирани во површини може да се креваат нагоре кога тоа е потребно. Во поглед на материјалот, без сомневање дрвото е најмногу застапено во изработката на кујнските елементи во комбинација со „необоени бои“, како бела, светлосива и капучино боја. Веселите бои ги има многу малку, најчесто се употребуваат за боење на заднината на стаклените вратички. Друг новитет е користењето на LED светилките во заднината на стаклените полици, како и за осветлување во внатрешноста на елементите што се вклучуваат автоматски, при самото отворање на вратичката.

 

Сандра ДОНЧЕВА
дипл.инж.арх.

Испрати коментар

Scroll To Top