Еден од најголемите изложбени
центри во светот
Наши соработници од 22 до 27 април го посетија
Саемот за мебел кој се одржуваше во големиот
изложбен центар Фиера Милано (северозападно од
центарот на Милано, во градот Рхо, Италија). Во наредните
броеви ќе ве запознаеме подетално со она
што се случуваше во и околу саемот и со самиот
саем.
Фиера Милано отворен во 2005 година претставува
еден од најголемите изложбени центри во светот.
Ова ново извонредно архитектонски дело на современата
архитектура е дизајнирано од италијанскиот
архитект Масимилиано Фуксас.
Влезот во комплексот е преку три порти (источна,
западна и јужна страна). Се карактеризира со централна
оска и од двете страни на оската се наоѓаат
8 големи павилјони, од кои 6 се приземни. Комплексот
содржи павилјони со бруто површина од 345.000
квадратни метри за внатрешни изложби, 60.000
квадратни метри за надворешни изложби, административни
згради, 14.000 паркинг-места и метро
кое ги носи посетителите директно до комплексот.
Четири од павилјоните се високи 12 метри, другите
два се 16 метри, додека останатите два павилјона
од 24 метри се развиваат низ две нивоа. Патеката
која се протега низ комплексот е со должина од
1.300 метри.
Серија од објекти се поврзани во приземјето и
пешачкиот мост на катот. Објектите се со различни
функции: ресторани, сали за состаноци, канцеларии,
рецепции поврзувајќи ги изложбените хали.
Покрај одвоената конференциска сала со елипсовиден футуристички облик, објектот има уште 80
сали за состаноци, 20 ресторани и 25 барови. Има 8.000 квадратни метри сервисен центар, рецепција со
приближно иста квадратура и 10.000 квадратни метри канцеларии.
Покрај одвоената конференциска сала со елипсовиден
футуристички облик, објектот има уште 80
сали за состаноци, 20 ресторани и 25 барови. Има
8.000 квадратни метри сервисен центар, рецепција
со приближно иста квадратура и 10.000 квадратни
метри канцеларии.
Конструкцијата е главно од челик и бетон. Застаклувањето
е исто така витален елемент од конструкцијата,
односно употребено е 200.000 квадратни метри
стакло во целиот комплекс.
Над централниот коридор кој ги спојува павилјоните
се протега голем кровен покривач составен од челик
и стакло – брановидна структура како покривка
(вел), претставувајќи уникатна карактеристика на
комплексот со должина од 1.300 метри. Формата на
покривката е извлечена од природниот пејзаж како
„кратери”, „бранови”, „дини”, „врвови”, „планини”…
Како природен пејзаж, изгледот никогаш не се повторува,
давајќи на посетителите една анимација и
континуирано различна перспектива.
Поделен на четири категории: класика,
дизајн, модерна, и светло, саемот за мебел во Фиера
Милано претставуваше извонредна можност за
запознавање на најновите трендови и стилови во
внатрешното уредување.
Оваа година во импозантниот објект Фиера Милано беа
претставени следните настани: Салоне Интерназионале
дел Мобиле (саем за мебел), Салоне Интерназионале
дел Цомплементо д’Арредо (аксесорис за домување)
и Еуролуце (осветлување).
Салоне Интерназионале дел Мобиле е учесник по 48-ми
пат.
Во салоните за мебел и аксесорис беа застапени
категориите: класика, дизајн и модерна.
КЛАСИКА е организиран според ортогонална диспозиција
во просторот. Чувството како да се наоѓате во најексклузивниот
трговски центар, го даваат штандовите кои наликуваат
на беспрекорно уредени салони за мебел. Секој
штанд е уреден на оригинален и инвентивен концепт
за ентериерно уредување.
Изложувањето на мебелот беше во склоп на 2 павилјони,
односно 4 хали. Беа вкупно 453 изложувачи.
На овој реномиран саем за мебел беа претставени
спални соби, кревети, гардеробери, трпезарии,
дневни соби, тапациран мебел, мебел за детски
соби, маси, столови, мебел за градина, аксесорис,
орнаменти, текстил…
Павилјон Дизајн
Во оваа категорија беа прикажани ултра модерни
парчиња на мебел од познати и млади дизајнери.
Комбинацијата со уникатните аксесорис го правеше
ентериерот екстравагантен и впечатлив, со чувство
како да се наоѓате низ страниците на некое елитно
списание за внатрешно уредување.
Изложувањето на мебелот од оваа категорија беше во
склоп на 2 павилјони, односно 6 хали. Беа вкупно 390
изложувачи.
Се претставуваа различни видови простори за домување
како и елементи кои ги сочинуваат истите: спални
соби, детски соби, дневни соби, кревети, гардеробери,
трпезарии, маси, столови, аксесорис, текстил…
Павилјони – Модерна
За разлика од екслузивноста во КЛАСИКА и екстравагантните
ентериери и парчиња во ДИЗАЈН, штандовите
во овие павилјони се одликуваа со малку поскромен
изглед и мебел достапен за пошироката маса. Модерниот
дизајн секако беше застапен, но впечатливоста,
уникатноста и минималистичките контури беа помалку
изразени. Мебелот изработен од комбинација на орев и
бел сјаен медијапан е новиот тренд кој полека почнува
да се применува и на нашите простори.
Изложувањето на мебелот од оваа категорија беше во
склоп на 2 павилјона, односно 4 хали. Вкупно беа 330
изложувачи.
Како и кај штандовите што беа претставени во претходните
броеви и тука беа претставени просториите
за домување со сите потребни асесоари…
Павилјони – Светло
По традиција на овој настан покрај изложувањето на
мебел и асесоари, оваа година акцент беше ставен
и на осветлувањето – “Еуролуце” (25 издание кое се
одржува на секои две години). Страсно очекуваната
меѓународна изложба на светло, презентираше
различни видови расвета за надворешно осветлување,
внатрешно осветлување, осветлување за болници,
светлосни системи, опфаќајќи најнови технолошки и
формални иновации.
Од вкупно 525 изложувачи во оваа категорија 174
изложувачи беа од странски земји.
Учество на саемот земаа и 702 млади дизајнери кои го
покажаа својот труд на штандот “Салоне Сателлите”.
Изложувањето беше во склоп на 2 павилјони, односно
6 хали.
Со оваа категорија екипата на “Биро проект” ја завршува
репортажата од Саемот за мебел 2009.
Наредното изложување ќе биде од 14-19 април 2010
година, каде покрај салоните за домување и асесоари
ќе бидат изложени и категориите: кујна, канцелариски
простори и бањи.
Подготвил: Сандра Дончева дипл.инж.арх.