Насловна / Технологии / Архитектурата е во центарот на вниманието на Олимписките игри 2008

Архитектурата е во центарот на вниманието на Олимписките игри 2008

Image

Деновиве, актуелни се претстојните
Олимписки игри во Пекинг. Интересно
е да се спомене дека како се
доближува стартот, на јавноста се чини воопш
то не и е позната официјалната маскота
Фува и нејзините четири пријатели кои ги
претставуваат најпознатите животни во
Кина. Вообичаено, маскотата е она што се
појавува прво во умот на човекот секогаш
кога ќе се спомне олимпијада. Олимписките
игри во Сараево 1984 се паметат по Вучко
волкот, Рони ракунот не потсетува на Лејк
Плесид 1980 итн. Но, овој пат на задоволство
на архитектите, архитектурата е во
центарот на вниманието на овогодинешните
игри. Националниот стадион во Пекинг, попознат
како “Птичје гнездо", кој е изграден
за потребите на Олимписките игри, е веројатно
најекспонираната тема летово.

Како и
да не биде. Архитектите Жак Херцог и Пјер
де Меурон, идејни творци на стадионот, мотивирани
од големиот предизвик, создадоа
дело за паметење. Тимот Херцог-де Меурон,
победија на конкурсот распишан од кинеската
влада во 2002 година. Градежните
работи почнаа во декември 2003, а се интезивираа
во март 2004, за да прекинат поради
надминување на предвидените финансиски
средства во август 2004 година. Набргу
изградбата продолжува, за во март годинава
да заврши. Веќе готово, “Птичјето
гнездо" ќе прими 91.000 посетители на ЛОИ,
иако проектираната бројка е 80.000 гледа-
чи. Димензиите му се 330 метри должина на
220 метри широчина. Висината на објектот е
69,2 метри, а вкупната корисна површина
што ја зафаќа е 204.000 квадратни тери.
За комплексноста на објектот говори и
фактот што се употребени 36 километри
челик кој тежи околу 45.000 тони. Изградбата
на стадионот чини 500 милиони долари.
Сепак, доволно е да се види мрежата од
челични профили кои како гнездо го
испреплетуваат објектот, за да се добие
идеја колку стадионот е комплексен. Ниту
Антонио Гауди не би можел да се справи со
таквиот предизвик. На помош на Херцог де
Меурон, им дошле и специјалистите од
“Аруп Спорт" и ”Чајна архитекчр дизајн &
рисрч груп" (China Architecture Design & Research Group), како и локалниот уметник Ај
Вејвеј (Ai Weiwei), задолжен како креативен
консултант.

Сепак, без разлика на способностите
и искуството на тимот, голема
ролја во обидите невозможното да се
оствари, имаше и Катија (Catia), софтверот
на “вечниот" “Десолт Системс" (Dessault Systems), како и “Дигитал проџект" (Digital Project) на Френк Гери (Gehrs Technology).
Архитектите преку 3Д компјутерски симулации
на концептуалните идеи, успеаја да
дојдат до соодветно решение во кое густата
“шума" на челични профили има доминантна
улога. Наспроти впечатокот дека овие
челични “гранчиња" се хаотично распоредени,
сепак со помош на софтверот е направена
дополнителна рутина со која бил
воспоставен алгоритам, редот по кој профилите
го обвиваат стадионот. Подоцна се
направени и дополнителни анализи на статиката,
со што овој посебен вид на Билдинг
информејшн модел (Building Information Modell) дал целосна слика на безбедноста
на објектот. За Катија инженерите на проектот
велат дека им дава целосна контрола
на проектот и флексибилност за измени во
истиот. Имајќи предвид дека спортските
објекти денес се едни од најпосетуваните
храмови на архитектурата, симболи на градовите
и спортовите, сe почесто тоа се комплексни
структури чие проектирање и
изведба бара вонредни напори и специјално
производство на елементите на структурата.

Во делот на работилничките цртежи на
челичните профили и стакла, треба да се
истакне дека со помош на софтверите, се
успева да се добие милиметарски точна
градба иако станува збор за објекти со
огромни димензии. Улогата на софтверите,
конкретно употребата на Катија во проектирањето,
ја ослободува архитектурата од
стегите на неможноста да се согледа концептот
во 3Д, да се истражуваат нови облици
и структури. Конечно, софтверите ни даваат
самодоверба да не се грижиме дали е
можно проектот да се реализира. Токму затоа,
Катија како еден од најскапите софтвери
со светот е дел од редовната пракса
на многу фирми од типот на “Аруп", “СОМ",
студиото на Заха Хадид и многу други.
Повеќе информации за Олимпискиот
стадион во Пекинг може да се добијат и на
Гигл ерт (Google Earth), каде објектот е поставен
како едноставен 3D модел.

Трајче СТОЈАНОВ, дипл. инг. арх.

Објавено во број 87.

Испрати коментар

Scroll To Top