Насловна / Архитектура / 200 години Технички универзитет Виена: Од барок до модерна архитектура и технолошки парк

200 години Технички универзитет Виена: Од барок до модерна архитектура и технолошки парк

Техничкиот универзитет во Виена (Technische Universität Wien) е еден од најистакнатите универзитети во Европа. Основан е во далечната 1815 година под името Кралски политехнички институт. Во 1872 го менува името во Техничка висока школа, а од 1975 година универзитетот го носи денешното име. Денес, универзитетот има 26.200 студенти (19% странци/30% жени), осум факултети и околу 4.000 вработени. Наставата и истражувањата се фокусирани на инженерството и природните науки.Vienna University of Technology

Главна зграда – Ректорат

ТУ Виена е екипиран со речиси 9.000 простории на вкупна површина од 276.000 квадратни метри, распоредени во повеќе згради во состав на комплексот. За својата 200 годишнина во 2015 година, универзитетот го комплетираше проектот со кој воведе нови лаборатории и истражувачки комплекси во модерен архитектонски стил, задржувајќи ја притоа својата изворна локација во четвртиот и шестиот градски дистрикт.

istuplan План на универзитетскиот комплекс

Растејќи и развивајќи се низ период од два века, зградите од универзитетскиот комплекс го носат со себе обележјето на времето во кое се градени. Од раскошниот барок на зградата на ректоратот до модерната архитектура со концептот на „паметни згради“ на најновите зданија. Сето тоа во една единствена целина.

TU_Bibl_01_DSC1099w

Главната зграда на библиотеката на Универзитетот

Библиотеката на Техничкиот универзитет била формирана уште во 1815 година. Но, главната зграда на библиотеката каква што ја знаеме денес е изградена во 1987 година и на фасадата има скулптури на був, изработени од швајцарскиот уметник Бруно Вебер. Главната библиотека има шест ката со простории со отворен пристап и 700 места за седење. Културните содржини заземаат високо место во приоритетите на универзитетот, и покрај тоа што во фокусот ги има егзактните науки. Самата негова локација, всушност ги детерминира овие афинитети. Во непосредна близина се Операта, прекрасната барокна црква Karlskirche, како и Концертната сала каде секоја Нова година се одржува традиционалниот концерт на Виенската филхармонија. Универзитетот има два свои оркестри, домаќин е на најстариот бал во Виена, како и на свој бренд во вид на серија јавни дебати познати под името ТУ Форум.

Kuppelsaal_TU_Wien_DSC_8691w

ТУ Форум

Особено е интересна зградата со име во духот на автономијата и слободата на универзитетот како институција, односно објектот познат како „Freihaus“. Терминот „Freihaus“ означува „слободна куќа“, односно вид на екстериторијална куќа во контекст на модерниот град. Првично, објектот бил лоциран во предградието на Виена и бил познат како Freihaus-Theater auf der Wieden. Во тој објект е одржана премиерата на Моцартовата „Волшебна флејта“. Во седумдесеттите години на минатиот век, направена е новата зграда во боја на зелен бакар, со истиот назив кој ја потенцира автономијата на универзитетот и слободата на научната мисла.

Freihaus_-_Vienna_University_of_Technology

Фрајхаус

Со цел реновирање на универзитетскиот комплекс, а во чест на јубилејот – 200 години од основањето, започнува реализација на еден обемен проект познат како „Univercity 2015“. Во рамките на проектот, меѓу другото, извршена е сериозна реконструкција на една од зградите на универзитетот, која датира од 1970-та, со што е добиена најголемата административна високо енергетски ефикасна т.е „plus energy“ зграда во Австрија. Проектот имал за цел да ја демонстрира не само техничката, туку и економската физибилност на ваквите објекти. Освен максималната оптимизација на потрошувачката на енергија, објектот ја поседува и најголемата фасада со инегрирана фотоволтаична постројка. Фотоволтаичните ќелии се составен дел од самата фасада, па дури и транспарентните површини имаат вградени фотоволтаици. Денес, објектот претставува и своевиден технолошки парк. Посебно е интересен погледот низ прозорците со импрегрирани фотоволтаични ќелии – истовремено имате поглед кон богатото барокно архитектонско наследство, но и кон иднината и технолошкиот напредок.

Plus-Energie-Bürohochhaus_TU_Getreidemarkt

csm_tu-institutsgebaeude_03_c6efa49f84 buerohochhaus-1-tu-wien-web-pv_NjE5Mjk5Wg

Зграда Energy Plus

Со реконструкцијата се постигнати сериозни подобрувања на термичките перформанси на сите површини на објектот. Вредностите на коефициентот U (W/m2K) пред и по реконструкцијата, се дадени во табелата.

U (W/m2K) Пред реконструкцијата По реконструкцијата
Покрив

0,6

0,066

Надворешни ѕидови

0,7

0,088

Прозорци

2,5

0,62

Основни карактеристики на објектот Energy Plus

7,670 m² корисен простор на 10 ката

360 канцеларии,

350 предавални,

50 работни станици за студенти

336 kWP фотоволтаичен систем

(вкупна површина на фотоволтаиците 2,246 m²)

Potrosuvacka na toplinska energija pred i po rekonstrukcijatapotrosuvacka i proizvodstvo na energija na zgradata По реконструкцијата, заштедата на енергија на објектот е неверојатни 90%. Дополнително, со фотволтаиците, зградата произведува енергија која ги надминува нејзините потреби, па оттука и се нарекува „Energy Plus“ зграда.

Во понатамошната своја експлоатација, оваа зграда наместо да генерира трошоци за енергија (електрична, топлинска, ладење), самата станува извор на енергија за други потрошувачи од кои обезбедува приход. Можноста што ја имаат студентите да учат низ реално изведен технолошки парк, да наоѓаат нови решенија и да се грижат за континуирано подобрување на енергетските перформанси на објектот е бесценета.eroeffnung_green_building_c_gisela_erlacher_141527585437429_v0_h

Вкупната вредност на оваа високо исплатлива инвестиција е 21 милион евра. Навистина извонреден пример за заштеда на ресурси и спој на модерната технологија со модерната архитектура.

 

Испрати коментар

Scroll To Top