Луѓето сонувачи од секогаш се окупирани со мисли за идни можности. Уште од индустриската револуција и пронаоѓањето на парната машина, тие мисли се се пораспространети. Архитектурата како амбиент во кој живееме имала голем удел во овие мисли. Сонот за пркосење на гравитацијата е вечен, а то со себе носи огромни простори во најразлични форми, големи конзоли или огромни височини кои одат над облаците. Се разбира, со појавата на челичната конструкција кон крајот на 19. век, тие соништа почнаа да изгледаат поблиску до реалноста, па така сонувачите успеаа да реализираат некој од своите фантазии. Почнаа да ги замислуваат градовите високи, со врски поврзани преку орбити, челични екстериери и ентериери, масивни куполи, недефинирани форми, пловечки градови и летачка архитектура. Погледнете ги фотографиите на реализираните објекти од современи архитекти кои ни покажуваат дека иднината е сега.
Фондација Луј Витон, Париз – Френк Гери
The ArcelorMittal Orbit, Лондон – Аниш Капур и Сесил Балмонд
Umeda Sky, Осака – Хироши Хара
Град на уметност и наука, Валенсија – Сантијаго Калатрава
Музеј на современа уметност, Нитерој – Оскар Нимаер
Национален центар за уметнички перформанси, Пекинг – Пол Ендрју
Jinmao Tower, Шангај – Адриан Смит
Torre Agbar, Барселона – Жан Нувел
Мост на мирот, Калгари – Сантијаго Калатрава
Зградата на Loyd, Лондон – Ричард Роџерс
Selfridges Building by Future Systems, Бирмингем – Грахам Хатон
Petronas Towers, Куала Лумпур – Цезар Пели
Sage Gateshead, Gateshead – Foster + Partners
One World Trade Center, Њујорк – Дејвиф Чаилдс и Даниел Либескинд
BMW Welt, Минхен – COOP HIMMELB(L)AU
Museo Soumaya, Мексико Сити – Фернандо Ромеро
Ordos Museum, Кангбаши –MAD architects
Dongdaemun Design Plaza, Сеул – Заха Хадид
EMP Museum, Сиетл – Френк Гери
Фондација Луј Витон, Париз – Френк Гери