Насловна / Архитектура / 2.500 години втиснати во еден километар коридор под заштита на УНЕСКО

2.500 години втиснати во еден километар коридор под заштита на УНЕСКО

Архитектонското студио ARW Botticini+Facchinelli стои зад проектот на коридорот под закрила на УНЕСКО кој значи поврзување на споменичната целина на храмот Капитолин, Римскиот театар и комплексот Санта Џулија, во градот Бреша, северно од Италија познат по мноштвото римски и средновековни споменици.

3-copy-0 2-copy-0

Проектот има за цел да ги поврзе двата дела прогласени за светско наследство на УНЕСКО во Бреша преку пристапна патека која е отворена за јавноста согласно работата на градскиот музеј.

1-copy-0

Целта на коридорот е подобрување, активирање и оптимално искористување на градските јадра низ кои ќе минува. За таа цел, тие се поделени во пет области на интервенирање, земајќи ги предвид особеностите на секоја од нив при изведбата.

4-copy-0 7 5 6 8

Првата зона се однесува на пристапот до римскиот храм, со неговиот влез од Виа деи Музеи кон Виколо Фонтаноне дефиниран во втората зона. Третата област е манастирот Сан Салваторе, каде што се наоѓа ломбардската базилика, која продолжува до четвртиот дел, манастирот Санта Марија во Соларио, за да заврши на отворениот простор на музејскиот комплекс Санта Џулија и конечно петтата област која симболично го означува крајот на турата.

13 14 16

Првата зона се концентрира на пристапот до римскиот храм. Со замена на сегашниот тротоар со плочи од Адамело диорит, се истакнува важноста на циркулирањето низ римскиот град. Втората интервенција се однесува на влезот во римскиот театар од Виа деи Музеи кон Виколо Фонтаноне, каде што калдрмата е третирана со антилизгачка подлога. Истата пешачка патека од 1,5 метри во центарот на Виколо дел Фонтаноне, се протега до комплексот Санта Џулија, каде е зачувана автентично постоечката калдрма.

15

Третиот простор е манастирот Сан Салваторе, каде што се наоѓа ломбардската базилика. Од една страна, се создава пристапна патека, а од друга, се уредува партерот во согласност со формативноста на манастирот. Интервенцијата понатаму продолжува низ јужната страна од објектот на сегашната Сала дел Афреско.

18 20 19

Во близина на манастирот Санта Марија во Соларио, или четврта зона, централно е поставено дрво, во спомен на липата под која Манцони ја опева смртта на Ерменгарда во трагедијата Аделчи. На кружната клупа околу дрвото се запишани стихови од делото на Манцони врежани на метални плочи, дело на студиото Tassinari Vetta.

17

Петтата зона на интерес е отворениот простор на музејскиот комплекс Санта Џулија, во кој се позиционирани скулптури и фрагменти од римската архитектура, како и современи уметнички дела, сезонски истиот се користи како изложбен простор на отворено. Интервенцијата овозможува обиколка на најважниот археолошки локалитет на градот Бреша, кој несомнено прераснува во автентичен историски и урбан наратив.

21

 

Испрати коментар

Scroll To Top