Април 27-30, 2022, Охрид, Северна Македонија
19. Симпозиум на ДГКМ ќе се одржи во Охрид, хотел Гранит, во период 27.-30. Април 2022 година. Симпозиумот ќе се одржи во живо и во комбинација со е-платформа.
Водејќи сметка дека во септември 2020 година, во паралелна употреба со актуелните прописи за проектирање на конструкции беа воведени Еврокодовите, а ценејќи ја потребата од дополнителна подготовка на инженерскиот кадар за нивна примена, 19. Симпозиум ќе биде посветен токму на оваа тема, со мото „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“. Еминентни стручни лица од земјава и регионот ќе одржат повикани предавања на таа тема и ке ја приближат проблематиката на нашата стручна јавност. Информации за Повиканите предавања се објавени на веб-страницата на ДГКМ (http://mase.gf.ukim.edu.mk)
Покрај Главната тема „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“ , ќе бидат застапени и останатите теми, а тоа се:
- Теориски и експериментални анализи на конструкции
- Современи методи за проектирање на конструкции
- Современи техники за изведба на конструкции
- Следење на состојбата и однесувањето на конструкциите
- Одржување, санација, зајакнување и реконструкција на објектите
- Доверливост и трајност на конструкциите
- Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој
- Инфраструктурни објекти
- Други теми поврзани со градежното конструкторство
Во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, а во рамките на Симпозиумот, ќе се одржат две тркалезни маси на тема: “Имплементација на Еврокодовите како национални стандарди – размена на искуства во регионот” и “Взаемна поврзаност и усогласеност на регулативата и стандардите за проектирање и изведба на објекти”.
Информација за Котизацијата за учество е објавена на веб-страницата на ДГКМ (http://mase.gf.ukim.edu.mk)
Цените за сместување се објавени на веб-страницата на ДГКМ. Секој учесник потребно е да изврши навремена резервација на адреса: [email protected].