Насловна / Вести / 19. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2021)

19. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2021)

19. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2021) ќе се одржи од 15. до 18. Септември, 2021 во Охрид, Македонија. Зависно од актуелната ситуација, истиот ќе се држи во живо, или во комбинација со Е-платформа, овозможувајќи им на тој начин „online“ учество и нa колегите кои нема да се во можност да присуствуваат во живо.

дгк_resize

Водејќи сметка дека во септември 2020 година, во паралелна употреба со актуелните прописи за проектирање на конструкции беа воведени Еврокодовите, а ценејќи ја потребата од дополнителна подготовка на инженерскиот кадар за нивна примена, 19. Симпозиум ќе биде посветен токму на оваа тема, со мото „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“.

Од посебен интерес е да се направи споредба и да се истакнат разликите кои произлегуваат од примената на досегашните прописи и на Еврокодовите. Токму затоа, еминентни стручни лица од земјава и регионот ќе одржат повикани предавања на таа тема и ке ја приближат проблематиката на нашата стручна јавност. Покрај Главната тема „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“ , ќе бидат застапени и останатите теми, а тоа се:

  • Теориски и експериментални анализи на конструкции
  • Современи методи за проектирање на конструкции
  • Стандарди, Еврокодови и Национални анекси
  • Современи техники за изведба на конструкции
  • Следење на состојбата и однесувањето на конструкциите
  • Одржување, санација, зајакнување и реконструкција на објектите
  • Доверливост и трајност на конструкциите
  • Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој
  • Инфраструктурни објекти
  • Други теми поврзани со градежното конструкторство

Информацијата за Повиканите предавања ќе биде дополнително објавена.

Во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија и Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, а во рамките на Симпозиумот, ќе се одржат две тркалезни маси на тема: “Имплементација на Еврокодовите како национални стандарди – размена на искуства во регионот” и “Взаемна поврзаност и усогласеност на регулативата и стандардите за проектирање и изведба на објекти”.

дгк1_resize

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ТРУДОВИТЕ

Официјални јазици на Симпозиумот се македонскиот и англискиот. Трудовите треба да бидат подготвени почитувајќи ги следните правила: вкупниот број на страници не треба да надминува 10, со исклучок на воведните и повиканите предавања кои се ограничени на 14 страници. Текстот треба да биде напишан на македонски или на англиски јазик. Трудот треба да се испрати во електронскa форма (Microsoft Word и PDF) за евентуално уредување и конечна подготовка за објавување. Нумерацијата на страниците, вметнувањето на логото на симпозиумот итн., е задача на Уредувачкиот одбор. Детални инструкции за подготовка на трудот може да се преземат од веб-страницата на ДГКМ: http://mase.gf.ukim.edu.mk

Авторите кои ќе го подготват трудот на македонски јазик треба да достават и Апстракт (првата страница од трудот) на англиски јазик за печатење во Книгата на апстракти која ќе биде објавена само на англиски јазик. Трудовите во целост ќе бидат објавени само во дигитална форма.

Заедно со конечната верзија на трудот, авторите треба да достават доказ за платена котизација.

Power Point или Постер презентациите на трудовите треба да бидат подготвени на англиски јазик, додека излагањето може да биде на еден од официјалните јазици на Симпозиумот.

ТЕРМИНИ

10. август, 2021 – Доставување на трудот

(ќе бидат прифатени трудови без претходно доставено резиме)

25. август, 2021 – Повратна информација за рецензираниот труд

1. септември, 2021 – Доставување на конечна верзија на трудот

КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата, која во себе вклучува: Книга на апстракти, комплетни трудови во дигитален формат, коктел, кафе паузи и свечена вечера изнесува 120 евра, односно денарска противвредност, доколку се уплати до 1. септември 2021. Котизацијата уплатена по предвидениот термин, изнесува 150 евра. Доколку се најави учество преку Е-платформа, котизацијата ќе изнесува 40 евра.

Младите истражувачи (докторанди до 30 години) имаат 50% попуст. Студенти, членови на ДГКМ, имаат 75% попуст. Компаниите кои ќе уплатат 3 до 5 котизации добиваат 20% попуст, за уплатени 6-8 котизации добиваат 30% попуст, додека за над 8 котизации попустот изнесува 40%. Попустите не се комбинираат.

Котизацијата треба да се уплати на жиро сметка: 300000001206328; депонент: Комерцијална банка – Скопје; даночен број: МК 4030995226660; за: ДРУШТВО НА ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА, Скопје, бул. Партизански одреди 24, П. Фах 560, 1000 Скопје, Република Македонија (за 19-ти Симпозиум).

MEСТО НА ОДРЖУВАЊЕ И СМЕСТУВАЊЕ

Симпозиумот ќе се држи во хотел „Гранит“ во Охрид. Сместување на учесниците е во Хотел „Гранит“и околните хотели.

Цените за сместување се објавени на веб/страницата на ДГКМ. Секој учесник потребно е да изврши навремена резервација на адреса: [email protected].

КОРЕСПОНДЕНЦИЈА

Сите информации во врска со 19-от Симпозиум редовно ќе бидат објавувани на интернет страницата на ДГКМ. За информации, заинтересираните може да се обратат и на следните адреси:

Мери Цветковска – Претседател на ДГКМ, [email protected]

Дарко Наков – Генерален секретар на ДГКМ, [email protected]

Коце Тодоров – Извршен секретар на ДГКМ, [email protected]

како и на официјалната адреса на ДГКМ: [email protected]

Повеќе инфо на http://mase.gf.ukim.edu.mk/symposium-MAIN-mk.html

Испрати коментар

Scroll To Top