Насловна / Вести / 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2019)

18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2019)

18ти Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2019) ќе се одржи од 2. до 5. Октомври, 2019 во Охрид, Македонија. Симпозиумот ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на досегашната практика и на најновите достигнувања во областа на следење и испитување на конструкциите, конструктивното моделирање, методите за оценување на состојбата, како и примената на современи материјали за санација на конструкциите.
Главна цел на симпозиумот е да обезбеди форум, каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото. Повикани се да учествуваат сите градежни конструктори и студенти, како и истражувачи од сродни области.

дгс

Тема на симпозиумот: СЛЕДЕЊЕ, ПРОЦЕНА И САНАЦИЈА НА КОНСТРУКЦИИ

Главни теми
• Следење на состојбата на конструкциите
• Одржување на конструкциите
• Проценка на однесувањето и на оштететувањата на конструкциите
• Санација, зајакнување и реконструкција на објектите
• Доверливост и трајност на конструкциите

Останати теми
• Теориски и експериментални анализи на конструкции
• Современи методи за проектирање на конструкции
• Стандарди, Еврокодови и Национални анекси
• Современи техники за изведба на конструкции
• Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој
• Инфраструктурни објекти
• Други теми поврзани со градежното конструкторство

Упатства за припрема на трудовите и проширените резимеа можат да се превземат од интернет страницата на ДГКМ: http://mase.gf.ukim.edu.mk

Термини за пријавување на трудовите:

15 мај 2019 – Пријава и кусо резиме
30 мај 2019 – Повратна информација за прифаќање на кусото резиме
1 август 2019 – Доставување на трудот и проширеното резиме
25 август 2019 – Повратна информација за рецензираниот труд и проширеното резиме
10 септември 2019 – Доставување на конечна верзија на трудото и на проширеното резиме

• MEСТО НА ОДРЖУВАЊЕ И СМЕСТУВАЊЕ
Симпозиумот ќе се држи во хотел „Гранит“ во Охрид. Сместување на учесниците е во Хотел „Гранит“ и околните хотели.

Сите информации во врска со 18-от Симпозиум редовно ќе бидат објавувани на интернет страницата на ДГКМ.

Пријава за учество може да се пополни и директно преку линковите на интернет страницата. За
информации, заинтересираните може да се обратат и на следните адреси:
Мери Цветковска – Претседател на ДГКМ, [email protected]
Дарко Наков – Генерален секретар на ДГКМ, [email protected]
Коце Тодоров – Извршен секретар на ДГКМ, [email protected]
Како и на официјалната адреса на ДГКМ: [email protected]
Градежен факултет – Скопје
Партизански одреди 24, П. Фах 560, Скопје
тел: (02) 3 116 066 лок. 205 , факс: (02) 3 118 834
http://mase.gf.ukim.edu.mk

дгс

Испрати коментар

Scroll To Top