Насловна / Вести / Македонија на археолошки саем во Салерно

Македонија на археолошки саем во Салерно

HPIM0771.JPG

Берзата за археолошки туризам во Салерно, Италија се оддржува по 18 пат, а оваа година од 29 октомври до 1 ноември. Станува збор за најголем интернационалн саем за археологија во Италија во кој учествуваат земји од цел свет. Македонија ќе учествува по втор пат оваа година, а нејзин претставник е Управата за заштита на културното наследство.

На саемот Македонија ќе има свој штанд на кој ќе бидат презентирани публикации, видеа, флаери и други видови промотивни материјали за археолошките локалитети, цркви, градови и друго. Свој дел ќе имаат и природните богатства, а ќе има и дегустација на храна и домашни вина.

berza

Берзата за археолошки туризам во Пестум, Салерно, Италија е меѓународна манифестација која почнала да се реализира од 1997 година и која секоја година привлекува илјадници посетители од цел свет. Традиционално се одржува во античкиот град Пестум, во Националниот археолошки музеј и во Ранохристијанската базилика. Според податоците на организаторите, на годишно ниво во просек има повеќе од 10 000 посетители, над 100 изложувачи од цел свет,  педесеттина конференции и состаноци, над 300 предавачи, претставници од UNWTO, UNESKO и ICCROM.

PENTAX Image

Берзата е меѓународен настан во кој Италија и други земји, гости од цел свет, ги претстатвуваат своите културни богатства преку различни активности, разменувајќи искуства и презентирајќи ги најпознатите археолошки наоѓалишта, сакрални споменици и природни богатства.pestum berza salerno

Министерства, институции за заштитата на културното наследство, универзитети, музеи и туристички агенции од Италија и други земји од светот, ги презентираат своите археолошки атракции на штандови. Меѓу земјите кои се претставија во 2014 г. беа Македонија, Бугарија, Хрватска, Србија, Словенија, Израел, Аргентина, Индија, Португалија, Малта, Романија, Турција, Узбекистан и други, а земја во фокус беше Азербејџан.

Испрати коментар

Scroll To Top