Архитектот Даниел Либескинд добил дозвола од една богата музичка двојка, да им изгради куќа која се наоѓа во селска околина. Ова е резултатот што тие го добиле од него. Откако го виделе решението не биле сосема среќни, но на прашањето: зошто баш нумеричко име?, архитектот одговорил: Животниот простор на оваа куќа која е отсечена од останатите во местото, е настанат со спирално поставување на 18 рамнини, дефинирани со 36 точки и поврзани со 54 линии.
Овој чист и динамичен архитектонски облик создава карактеристичен внатрешен простор.
Големите стаклени површини овозможуваат одлични визури кон прекрасната околина.
Циркулацијата на движење низ дневната соба, кујната, трпезаријата и спалните соби е целосно непречена и без јасна граница, на ист принцип како што нема јасна граница ниту меѓу надворешноста и внатрешноста.
Ha…klasicna nacrtna geometrija….tipicni fakultetski vezbi na preseci pomegu ramnini,pravi i probodi na ravnini so pravi.Razlikata kaj Libskin sto umee toa da go pretvori vo arhitektura…ubavo.