Средства во износ од 179 милиони евра од Фондот за праведна транзиција ќе се инвестираат во Хрватска врз база на новоодобрената програма во склоп на кохезиската политика. Фондот ќе ги поддржи Истарската и Сисачко – мославачката жупанија во остварувањето на праведната климатска транзиција, а врз основа на територијалните планови за праведна транзиција кои се изработени од страна на националните и локалните тела во соработка со Европската комисија.
Истарската жупанија е единствено подрачје со сеуште оперативна електрана на јаглен во Хрватска, која постепено ќе биде затворена до 2033 година, а исто така има и цементна индустрија која е со високи емисии. Фондот ќе го поддржи и нејзиниот премин на обновлива енергија. Освен тоа, со инвестициите ќе се придонесе и во диверзификацијата на стопанството преку преквалификации и усовршувања, создавање на центри за одржливи технолошки иновации, како и нови циркуларни деловни модели во производството. Се проценува дека со вложувањата кои ги поддржува ЕУ во Истра ќе с есосдадат околу 300 директни и исто толку индиректни работни места, а ќе се обезбеди и преквалификација за 200 лица. Во сисачко – мославачката жупанија исто така работат загадувачки индустрии кои се сериозен емитер на емисии на стакленички гасови. Ова особено се однесува на хемиската индустрија и индустрија на рафинирањето, а предвидена е и соработка со академските институции.
Со територијалните планови за праведна транзиција, утврдени се подрачја кои ќе се поддржат преку Фондот за праведна транзиција, а Европската комисија во август 2022 ја одобри Спогодбата за партнерство со Хрватска. Со овие територијални планови, создадени се услови и за финансирање во склоп на програмата InvestEU (програма за праведна транзиција) и Инструментите з акредитирање во јавниот сектор за праведна транзиција (нова алатка со која неповратните средства на Комисијата се комбинираат со заеми на Европската инвестициска банка за транзициски региони).