Како најлесно да забележите идеја која ви паднала на памет додека сте во ресторан? На салфета!
Скицирање на хартија е одлично за да се забележат некои основни идеи и концепти кои можат да ви се појават во глава. Додека сте во ресторан на вечера со добро друштво и чаша вино, креативноста дополнително расте, па салветите можат да послужат за набрзина да скицнете некоја идеја која ви се родила во мислите.
Дека цртежите на салфети се популарни и кај архитектите зборува заедничкиот проект на New School of Architecture и Американскиот институт на студенти на архитектура во Сан Диего, кој има цел да им помогне на студентите полесно да ги финасираат своите студии. Познатите архитекти им донирале свои цртежи, меѓу кои и цртежи на салвети, кои потоа се продавани на аукција за прилично голема сума на пари.
Нивната колекција меѓудругото брои и 17 салфети со цртежи, меѓу кои се и некои важини имиња како Бјарк Инглес, Заха Хадид, Роберт Вентури и др.
Погледнете како изгледа тоа:
Wolf Prix
Zaha Hadid
Thom Mayne
Kurt Hunker
Massimiliano Fuksas
Perry Kulper
Peter Bohlin
Neil Denari
Peter Kulper
Antonie Predock
Billie Tsien
Bjarke Ingels
Cesar Pelli
Greg Lynn
Len Zegarski
Ben Van Berkel
Robert Venturi