Насловна / Екологија / 163 електрични централи произведуваат „зелена енергија“ во Македонија

163 електрични централи произведуваат „зелена енергија“ во Македонија

Veternici-Zelena energija Bogdanci

На крајот од 2015 година, Агенцијата за енергетика констатирала дека на територијата од Македонија се лоцирани 163 електроцентрали кои произведуваат „зелена енергија“. Во официјалниот регистар, впишани се 102 фотоволтаични електрани, 58 мали хидроелектрани, две биогасни електрани и една ветерна електрана, што ги ползуваат обновливите извори на енергија при производството на електрична енергија. Сите тие имаат вкупна инсталирана моќ од 113,84 мегавати, односно во домашниот електроенергетски систем во една година можат да придонесат во производство на 354.178 мегават часови електрична енергија.

Zelena energija-bio gas
Погледнато по сектори, најголем удел во искористувањето на обновливите извори на енергија имаат малите хидроелектрани. Според последните информации на Агенцијата за енергетика, нема поместувања кај ветерните и биогасните електрани. За разлика од искористувањето на водата и на сонцето, ветропаркот „Богданци“ и капацитетите во Тетово и Битола претставуваат единствените енергетски објекти кои го користат ветерот и биомасата во добивање електрична енергија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top