Насловна / Вести / 150 милиони долари на Албанија за преструктуирање на енергетскиот сектор

150 милиони долари на Албанија за преструктуирање на енергетскиот сектор

energetika albanija

Албанската Влада и Светската банка потпишаа во Тирана спогодба за заем во износ од 150 милиони долари со цел финансирање на проект за преструктуирање на енергетскиот сектор во Албанија, кој се наоѓа на прагот на банкрот.

Доставувањето на заемот беше одобрено на 29 септември од Управниот совет на СБ и има цел да ја подобри финансиската состојба и одржливоста на тој сектор со акцент на подобрување на снабдувањето со струја.

Претставничката на СБ, Елен Голштејн изјави дека реформите се единствениот начин за Албанија и оти тие треба да се реализираат независно од цената, која треба да се плати за нив.

Испрати коментар

Scroll To Top