Насловна / Арт и дизајн / Петнаесет славни архитекти овековечени на банкноти

Петнаесет славни архитекти овековечени на банкноти

Да се биде меѓу избраните, претставeни на националните банкноти, е една од најголемите почести што може да се добие во денешно време. И покрај фактот што електронските трансфери се секојдневие и најверојатно ќе го имаат приматот и во иднина, сепак кешот останува и натаму сигурна практика за размена на стоки и услуги.

Ликовите и имињата на следните 15 архитекти ја имале таа среќа да бидат овековечени на банкноти. Во продолжение ви ги претставуваме банкнотите и знаменитите дела на секој од нив.

1. Ле Корбизје (Швајцарија)

Архитектот за кој не е потребно претставување се наоѓа на банкнотата од 10 швајцарски франци.

737_001

korbizije

 

2. Александар Таманијан (Ерменија)

Претставник на неокласицизмот од почетокот на 20 век. Познат е по изградбата на објектот на Ерменската Опера, како и многу други дела во Ереван, главниот град. Неговиот лик е на банкнотата од 500 драми.

aleksandar-tamanijan-ermenija

aleksandar-tamanijan-yerevan_opera_house

 

3. Мимар Кемаледин Беј (Турција)

Водечки турски архитект во доцниот Османлиски период. Неговиот лик е претставен на банкнотата од 20 лири заедно со едно од неговите најзнаменити дела – Универзитетот Гази во Анкара.

mimar-kemaledin

mimar-kemaledin-turcija-zdanie

 

4. Чарлс Мекинтош (Шкотска)

Лидер на арт нуво во Велика Британија, познат е по своите објекти како што е на пример Мекинтош зградата во состав на “Glasgow School of Art”.  На банкнотата од 100 фунти бил до 2009 година.

carls-mekintos-skotska

carls-mekintos-glazgov-skul-of-art

 

5.  Мимар Синан (Турција)

Главниот архитект на Османлиската империја во 16 век, проектирал многу од знаменитите џамии и бањи од тоа време. Неговиот портрет бил на банкнотата од 10.000 лири во периодот 1982 – 1995 година.

mimar-sinan

mimar-sinan-dzamija

 

6.  Ото Вагнер (Австрија)

Архитектот меѓу чии дела се вклучува и зградата на Австриската поштенска банка во Виена. Банкнотата од 500 шилинзи со неговиот лик била во оптек од 1986 до 1997 година.

oto-vagner-avstrija

oto-vagner-postenska-banka

 

7. Виктор Орта (Белгија)

На белгиската банкнота од 2000 франци, бил од 1994 до 2001 година. Познат е по своите биоморфни детали на Хотелот „Тасел“, кој бил завршен во 1894 година. Се смета за предвесник на арт нуво во архитектурата.

viktor-orta-belgija

victor-horta-hoteltassel

 

8.  Алвар Алто (Финска)

Можеби највлијателниот аркитект од Скандинавија, модернистот Алто е на банкнотата од 50 фински марки од 1986 до 2002 година.

alvar-alto-finska

Always credit © Nico Saieh as author of these photographs

 

9. Густав Ајфел (Франција)

Познат по кулата која го носи неговото име, славниот архитект е претставен на банкнотата од 200 француски франци во периодот 1996 – 2002 година.

gustav-ajfel

gustav-ajfel-skici

 

10. Балтазар Нојман (Германија)

Претставникот на барокот од 18 век, се појавува на банкнотата од 50 германски марки во периодот 1991 – 2002 година.

baltazar-nojman

baltazar-nojman-rezidencija-vo-vircburg

 

11. Џан Лоренцо Бернини (Италија)

Еден од најзнаменитите архитекти на барокот, автор на бројни згради и скулптури ширум Италија, на кои и денес им се воодушевуваме. Особено е познат по проектот  со колонади на плоштадот Св. Петар.  Неговиот лик бил на банкнотата од 50.000 лири во периодот 1985 – 2002 година.

dzan-lorenco-bernini-italija

dzan-lorenco-bernini-kolonada

 

12. Франческо Боромини (Швајцарија)

Познат и како ривал на Бернини, овој архитект е познат по некои од највпечатливите цркви во Рим. Се појавува на банкнота од 100 швајцарски франци во перидот 1976 – 2000 година.

francesko-bopromini

francesko-boromini-crkvi-vo-rim

 

13. Јоже Плечник (Словенија)

Архитектот, творецот  на  Тромостовје и уште многу објекти – знаменитости на Љубљана, бил на банкнотата од 500 толари од 1992 до 2007 година.

joze-plecnik-slovenija

joze-plecnik-tromostovje-ljubljana

 

14. Кристофер Врен (Велика Британија)

Еден од најпризнатите англиски архитекти во историјата, запаметен е најмногу по својот проект за катедралата “St. Paul” во Лондон. Бил на банкнотата од 50 фунти во перидот 1981 – 1996 година.

kristofer-vren

kristofer-vren-katedrala-st-pol

 

15. Томас Џеферсон (САД)

Веројатно помалку е познато дека Томас Џеферсон бил и архитект познат по проектот за Универзитетот Вирџинија. Денес може да се види на ретко користената банкнота од 2 долари.

tomas-dzeferson

tomas-dzeferson-rotonda-na-uva

 

Испрати коментар

Scroll To Top