Облакодерите беа дел од недовршениот проект Лианг Стар Сити, кој е започнат во 2011 година. Овој проект е вреден 154 милиони долари, а бил често прекинуван и по промената на сопственоста, па дури и по интервенција на владата не е продолжен од крајот на минатата година.
Тогаш сопственичките права ги откупила една компанија, но со оглед на тоа дека проектот не ги задоволувал барањата на пазарот,а и дека подоцна е утврдено дека темелите се изложени на вода и не е можно да се извршат поправки, одлучено е комплексот да се урне користејќи експлозив, пишува Taiwan News.
Зоната на самата експлозијата изнесувала околу 500.000 квадратни метри и претставува најголемата зона на уривање во Кина. Евакуирани се околу 2.000 домаќинства, а во рушењето користено е 4,6 тони експлозив, поставен на 85.000 места во 15 фалични облакодери.