Петнаесет од сите 20 манастири во Света Гора, како и управата на монашкото братство Светиот кинотис ја прифатија поканата да учествуваат во дигиталниот проект на грчкото Министерство за инфраструктура, транспорт и комуникациски мрежи, која има цел создавање на дигитална архива на атонското богаство, пишува весникот „Етнос“.
Освен манастирите, кои дале негативен одговор на поканата и кои нема да учествуваат во проектот, меѓу кои е и Хилендарскиот манастир, Констамонит и Есфигмену, останатите 15 манастири изразиле желба да пристапат кон дигитализација на дел од културното богатство.
Дигиталната регистрација ќе вклучува збирки од ракописи, печатени изданија, документи, свети предмети и садови, предмети од народното творештво и друго.
Проектот вреден 9,4 милиони евра треба да биде реализиран за девет месеци.
Дигитализираните материјали за тој проект ќе бидат преведени на четири јазици, англиски, германски, руски и бугарски.