Точнo пред 15 години, на штипската и македонската архитектонска сцена беше поставено „Студио Атриум“, предводено од архитектите Весна Василева и Павле Петрушев. Основната идеја, во тоа време, беше да се создаде тим од сите сфери на проектирањето под мотото: Да работиме, да се дружиме остварувајќи пат во прилог на творечките мисли и дела. И денес по 15 години може слободно да се каже дека идејата е остварена и се надградува.
Леарница Кранфилд, Пробиштип, 2016
Грдовјанка – Логистички центар, Штип, 2011
Зборувајќи во една пригода пред 10 години, архитектката Василева истакна: „За нас архитектурата е мистерија на убавината и техника на градењето која ја создава човекот за своите потреби. Во денешниот свет се создава многу архитектура и кога ќе го загледаш делото ќе го познаеш и инвеститорот, неговото културно рамниште и неговата способност за избор на соработник. Архитектурата најобјективно го одразува времето во кое се создава“.
Агрофила, индустриски комплекс, Штип
Хотел Пеком, Штип, 2017
На оваа изјава дадена пред деценија, не може ништо да ѝ се додаде или да ѝ се одземе. Архитектурата што нè опкружува е само потврда на ова искажување. „Студио Атриум“ води многу сметка за сорабтката со инвеститорите. Според главните актери во него, соработката со инвеститорите се темели на заемно разбирање, толеранција и заемна целосна доверба која резултира со успешна реализација на обострано задоволство. Деловната соработка и „дружење преку работење“ се претвора во пријателска врска и соработка, а дружбата трае и понатаму.
СРЦ Брегалница, Штип, 2014
АРЦ Индустриски комплекс ТИРЗ, Скопје, 2015
НЕТ Електроникс, деловен објект, Скопје, 2011
Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, Скопје, 2010
Конфекција Семак, Штип, 2016
Вински комплекс, Демир капија, 2015