Насловна / Вести / 14. ИНТЕРНАЦИОНАЛНА АРХИТЕКТОНСКА ИЗЛОЖБА ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО 5 – 8 ЈУНИ

14. ИНТЕРНАЦИОНАЛНА АРХИТЕКТОНСКА ИЗЛОЖБА ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО 5 – 8 ЈУНИ

Биенале 1
Венеција е главен град на областа Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренете во Венецијанскиот залив. Позната е како град на каналите. Венеција има 170 канали на кои постојано пловат чамци, гондоли, мали падобрани и сл. Венеција има многу познати архитектурни и уметнички споменици како што се: Црквата Св. Марко и деведесет други цркви, уметнички галерии, богати музеи, познатата академија на уметностите и други научни и културни установи.

Манифестацијата за модерна уметност La Biennale за првпат започна да се организира во 1922 година, во чиј склоп влегува и интернационалната Недела на архитектура која се одржува на секои две години. Ваквите збиднувања привлекуваат голем број туристи, бројка која на годишно ниво достигнува и до 18 милиони посети.

Скопје – Лидо ди Јесоло

1 ден|05.06|: Состанок на групата на договореното место во 15.00 часот. Планирано поаѓање во 16.00 часот поради подготовки. Патување преку Р. Србија, Хрватска, Словенија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Ноќно возење.

Лидо ди Јесоло – Венеција

2 ден|06.06|: Пристигнување во Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел со 3 *. Карток одмор. Организиран разглед на Венеција во попладневите часови со лиценциран водич. Турата започнува од Џардини каде што не остава бродот, што ќе претставува собирно место за време на секоја посета. Ноќевање.

Лидо ди Јесоло – Венеција

3 ден|07.06|: Појадок. Организиран превоз со брод до Венеција и целодневна посета на изложбената архитектонска поставка во Џардини. Можност за факултативна посета на Бурано и Мурано. Мурано е остров на кој се изработува светски познато рачно изработено стакло. Посета на една од работилниците за стакло.  Островот Бурано е стар рибарски остров карактеристичен по својата архитектура. Слободно време за индивидуални активности, прошетка по 200 острови од многубројните канали кои ја сочинуваат Венеција. Единствена можност за посета на градот и општината Равена, која важи за битен индустриски центар. Ноќевање.

Венеција – Скопје

4 ден|08.06|: Појадок. Одјавување од хотелот. Организиран превоз со брод до Венеција и целодневна посета на изложбената архитектонска поставка во Арсенале.  Попладне се упатуваме кон Скопје со попатни одмори и царински формалности. Ноќно возење.

5 ден|09.06|: Патување низ Р. Хрватска, Словенија, Србија со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

Пријавување најдоцна до  30.05.2014

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ИЗНЕСУВА: 139 € / 8.618 ден.

Во аранжманот е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло
  • Разглед на Венеција со локален професионален водич
  • Организација и реализација на патувањето

Во аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за архитектонската изложба
  • Карта за брод: Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло
  • Влезница за објекти кои се посетуваат
  • Задолжително патничко осигурување

Контакт : 078/218 – 273  – Андреј

Агенција : 078/399 – 853 – Рапсоди травел

Плаќање : – Во агенцијата – ул.Теодосиј Гологанов – 28

Можност за плаќање на 6 рати без камата преку кредитна картичка на Стопанска банка

Испрати коментар

Scroll To Top