Меѓународниот симпозиум на архитекти „Денови на Орис“, оваа година по 14. пат, ќе се одржи на 18 и 19 октомври во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб.
На досегашните „Денови на Орис“ предавале истакнати светски архитекти како што се Алваро Сиза, Кенго Кума, Шигеру Бан, Алберто Кампо и др. И оваа година организаторите подготвија добра програма која традиционално трае два дена.
Стандардната влезница чини 450 куни (3.636 денари), додека студентите плаќаат по намалена цена од 250 куни (2.020 денари).
Програма и предавачи за ова 14 издание:
MVRDV – Winy Maas / Холандија
Anupama Kundoo / Индија
Gonçalo Byrne / Португалија
Idis Turato / Хрватска
Sadar + Vuga / Словенија
OMA – Ippolito Pestellini Laparelli/ Холандија
Pascal Flammer / Швајцарија
Peter Gabrijelčič / Словенија
Mauricio Rocha / Мексико
Miquel Adria / Мексико
+ Mansilla + Tuñón Architects – Emilio Tuñón / Шпанија