Насловна / Вести / 14 американски сојузни држави со обвинувања кон TikTok дека е штетен за менталното здравје на децата

14 американски сојузни држави со обвинувања кон TikTok дека е штетен за менталното здравје на децата

Обвинителите од 14 американски сојузни држани, поднеле судски тужби против TikTok, обвинувајќи ја оваа социјална мрежа дека му штети на менталното здравје на младите корисници и собира лични податоци без дозвола. Тие посебно ја обвинуваат платформата дека „ги користи функциите на зависност со цел корисниците подолго да останат на таа мрежа, што има негативни последници по нивното ментално здравје“, се вели во заедничкото соопштение. Меѓу останатото, обвинителите укажуваат на нотификациите кои излегуваат во секое време, систематскиот след на видеа едно по друго, или содржини наменети да привлечат внимание.

Од своја страна, компанијата вели дека има солиден систем за заштита на младите корисници, како што е и автоматската поставка за помлади од 16 години.

Американската агенција за заштита на потрошувачите (FTC), во јуни му укажала на Министерството за правда, за можно кршење на законот наречен COPPA (Закон за заштита на приватноста на децата во онлајн светот) усвоен во 1998 година.

Испрати коментар

Scroll To Top