Општина Чаир распиша оглас за избор на фирма што ќе го го прави новиот постамент. Новата локација на споменикот ќе биде два-три метри оддалечена од сегашната. Преместувањето, како што објаснуваат од Општина Чаир, се врши бидејќи споменикот пречи на градежните работи за изградба на новиот дел од плоштадот со кој ќе се премостува булеварот „Гоце Делчев“.
Фирмата покрај дислокација на споменикот, треба да изработи нов постамент со релјеф и да го постави постоечкиот споменик на Скендербег на новиот постамент.