Насловна / Архитектура / 13 најубави „тереми“ во Русија

13 најубави „тереми“ во Русија

Необични контури, изобилство на украсни резби и кров во форма на шатор – ако видите ваква куќа што изгледа како замок од руска бајка, знајте дека е „терем“ (овој збор на руски значи „горниот дел од дрвена куќа што личи на замок украсен со резби, балкони и кули “). Повеќето се изградени на крајот на 18. и почетокот на 19. век, кога „рускиот стил“ бил во мода во архитектурата. Најчесто, ги граделе богати претприемачи или трговци (обично богати луѓе од руралната класа) за да им служат како викенд куќи за одмор.

На Светската изложба во 1878. година во Париз, архитектот Иван Ропет го изградил павилјонот на Руската империја во форма на дрвен терем замок и тој станал еден вид „визит-карта“ на Русија.

Патувајќи низ  Костромскојската области, фотографката Марија Савина видела таков терем. Таа била толку импресионирана што во следните две години одела на експедиции низ цела Русија во потрага по слични градби. Направила стотици фотографии од највпечатливите објекти. Така настанал проектот и воедно книгата наречена „Тереми Русија“ (Ова е првиот том, посветен е на најубавите дрвени градби на Централна Русија и регионот Поволга)

1. Терем во Асташов, Чухломски реон, Костромска област

1

Ова е можеби најпознатиот терем во Русија. Во 1897. година изграден е од локалниот жител Мартјан Сазонов според скици на самиот Иван Ропет. Во 2010. година, ентузијасти го обновиле дотраениот терем и го претвориле во хотел во руски стил.

2. Руско купатило, бања во Абрамцев, Московска област

2

Имотот на големиот индустријалец Сава Мамонтов во близина на Москва служел како еден вид „уметничка резиденција“. Рускиот стил овде бил практично искован. На имотот работеле познати уметници, од браќата Васњецов до Иља Рјепин. А Иван Ропет, благодарение на кого теремот се прочул низ целиот свет, ја изградил на имотот оваа фантастична руска парна бања, како од бајките.

3. Терем на Виктор Васњецов во Москва

3

„Нешто помеѓу модерна селска куќа и терем на антички кнез“ – прославениот оперски пеач Фјодор Шаљапин воодушевено зборувал за куќата на Виктор Васнецов. Естетиката на рускиот стил во голема мера е формирана благодарение на фантастичниот талент на сликарот Васнецов. Во 1894. година, тој изградил своја куќа во овој стил. Денес е музеј посветен на овој сликар.

4. Викенд куќа на Бугров во Володарск, Нижегородска област

4

Николај Бугров, кој потекнува од семејство на трговци и мелничари, бил толку влијателен што го нарекувале дури и „некрунисан крал на Нижни (Новгород)“. Не се знае кој точно го изградил неговиот терем, но се знае дека оваа вила ја посетувал дури и Сергеј Вите, министер за финансии на Царска Русија. Бугров му предложил во 1896. година да се организира Серуската индустриска и уметничка изложба, но не во Москва, туку во Нижни Новгород.

5. Терем во Кулебакија, Нижегородска област

5

Овој терем е најважната знаменитоост на малиот град Кулебакија. Претставен е дури и на грбот на градот. Изграден е кон крајот на 19. век, специјално за забава на работниците и занаетчиите, како Куќа за народна забава во рударскиот комбинат во Кулебакија.

6. Куќа на Бахтеев во Татарстан

6

Во реон на населбата Старотатарска Слобода во Казањ, има прекрасен розов терем. Куќата од 1903-1906 година му припаѓала на Сафи Бахтеев, трговец со галантерија. Сегашниот изглед на теремот е вратен по реконструкцијата како последица на голем пожар. Во Татарстан, многу тереми содржат елементи на традиционални татарски орнаменти кои се додадени на рускиот стил.

7. Куќа со необичен облик во Владимирската област

7

Куќата на Фјодор Пришљецов, почесен граѓанин на градот Гороховец, е пример како елементите на западниот арт нуво стил се додаваат на рускиот стил. Покрај необичната форма, главна карактеристика на овој терем се и резбарените декоративни дрвени прозорски рамки со фантастични суштества – сирени и лавови. Денес ова е станбена зграда.

8. Куќа на трговецот Гордеев во Рибинск, Јарославска област

8

Ова не е обичен терем, ова е комплетна вила од дрво. Прозорските рамки се украсени во стил на руски барок. Сопственикот Семјон Гордеев се збогатил тргувајки со жито и недвижен имот. По неговата смрт во 1905. година, теремот служел како куќа за изнајмување, а во советско време имало заеднички стан, т.е. „комуналка”. Денес ова е станбена зграда, во неа живеат претежно уметници кои работат на реновирање и реставрација на самиот објект.

9. Летен клуб на Благородничкото собрание во Рјазањ

9

Овој „чипкаст“ терем е изграден во 1905. година во Долна градска градина во Рјазањ, на територијата што некогаш му припаѓала на локалниот милионер Гаврил Рјумин. Зградата за своите потреби ја изградило локалното Благородничко собрание на сметка на локалните благородници. Во него бил сместен летен клуб.

10. Терем на Сергеј Маљутин во Фљоново, Смоленска област

10

Овој чудесен терем со резбарени капаци на прозорците, конзоли во облик на глава на змејот Горинич и печки со насликани керамички плочки го проектирал на преминот во 18. и 19. век уметникот и експерт за руска декоративна и применета уметност Сергеј Маљутин. Основата од тули е направена во форма на „пилешки нозе“, како колибата од приказните за Баба Јага. Теремот го нарачала Марија Тенишева, филантроп и љубител на се што е руско. Маљутин изградил цел комплекс објекти во руски стил за нејзиниот имот во Смоленск.

11. Имот Каликини во Галич, Костромска област

11

Овој терем од 1911. година му припаѓал на Александар Каликин, кој потекнувал од селска „династија“ на производители на кожа. Рускиот стил овде е комбиниран со арт нуво, кој станувал сè позастапен. Основните карактеристики на теремот се растителни орнаменти и кров со гребен (сличен може да се види на железничката станица Јарослав во Москва).

12. Ахунски тереми кај Пенза

12

Ахуни, тивко и живописно предградие на Пенза, од крајот на 19. век почнале да го населуваат богати трговци, производители на дрво, службеници и сопственици на фабрики. Изградиле и неколку тереми во руски стил. До денес одлично се зачувани три трговски куќи – Островљева, Журављовљева и Ашањинова.

Имаат слична архитектура и украси, т.е. камена основа, мезанин, балкони и слични шари на прозорските рамки.

121

13. Куќа Лужини во Кимри, Тверска област

13

Лужини тргувале со жито во градот Кимри. Дури и пред револуцијата, нивниот терем бил толку необичен и оригинален што красел разгледници со поглед на Тверската губернија.

Испрати коментар

Scroll To Top