Насловна / Арт и дизајн / „Почетоци за паметење 1948 -1956“ во „Даут пашин амам“

„Почетоци за паметење 1948 -1956“ во „Даут пашин амам“

Во среда (5 декември), во објектот „Даут пашин амам“, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „Почетоци за паметење” 1948-1956 (изложба од архивата на Национална галерија на Македонија), која се реализира во рамките на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”.1.

На изложбата ќе бидат презентирани 150 листови архивска документација од 1948 до 1956 година, кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење.

Ова претставува потсетување за огромниот вложен напор, не само од страна на тимот кој ја раководел Уметничката галерија, туку и од страна на државните институции кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија на Македонија денес да прерасне во храм на уметноста и двигател на културниот живот во Македонија.5.

„Идејата за поставување на изложбата произлезе како резултат на моите заложби за истражување на архивската документација, со цел комплетирање на податоците за делата застапени во нашата колекција. При истражувањето наидов на многу интересни податоци поврзани со формирањето на галеријата, откупитена делата и комуникацијата со уметници и други институции. Најсилен впечаток ми остави периодот од 1948 до 1956 година кога со галеријата раководеле еминентните македонски ликовни уметници Борко Лазески и Никола Мартиноски. Тоа е период исполнет со професионалност, упорност и одговорност не само кај вработените во Уметничката галерија туку и кај државните органи и институции. Во сиромашна држава со неразвиено стопанство во која сè уште се чувствуваат последиците од војната, импресионира високиот степен на чувство за негување на културното наследство и стимулирање и презентирање на современото ликовно творештво. Во овој период направени се најзначајните чекори во постоењето на оваа институција, односно: „Даут – пашиниот амам“ е адаптиран во галериски простор, формирана е богата галериска збирка и поставени се повеќе домашни и меѓународни изложби… “, вели кустосот Славица Алексоска за тоа што ја одредило темата на оваа изложба.9.

„Погледот кон периодот на почетоците (1948-1956) од формирањето на тогашната „Картина” или “Уметничка”, а денес Национална галерија на Македонија, навидум временски краток, но долг и богат професионално претставува потсетување за вложениот напор, но и на резултатите кои се за почит и никогаш не треба да бидат заборавени.“, вели во својот воведен текст кураторот на изложбата, вишиот кустос Славица Алексоска.

Испрати коментар

Scroll To Top