Два града од нашиот регион се најдоа на престижната листа на светски градови кои треба да ги посетите во 2019 година. Имено, според Best in Travel 2019 од страна на светски познатиот туристички портал Lonely Planet, градовите Нови Сад (Србија) и Задар (Хрватска) се дел од елитното друштво на десет најпривлечни градови за следната година, и на тој начин тие добиле моќна реклама и огромна препорака ширум светот.
Во прашање е наголемата светска годишна кампања на порталот Lonely Planet, во чиишто рамки освен градови, се бираат и препорачуваат и земји и региони, но и патувања со најдобра вредност за вложените пари.
Копенхаген
На прво место е Копенхаген (Данска), на второ кинескиот град Шенчен, додека на третото место од десетте најпривлечни градови за 2019 година е Нови Сад.
Нови Сад
Следат, Мајами (САД), Катманду (Непал), Мексико Сити (Мексико), Дакар (Сенегал), Сиетл (САД), Задар (Хрватска) и Мекнес (Мароко).
Задар