Насловна / Вести / 12 светски метрополи потпишаа декларација за нулта емисија на CO2 до 2030

12 светски метрополи потпишаа декларација за нулта емисија на CO2 до 2030

Gradovi-nulta-emisija1

Градоначалниците на 12 големи градови меѓу кои и Париз, Лос Анџелес и Лондон, во понеделникот во Париз потпишаа декларација со која се обврзуваат подобро да ја чуваат животната средина и да се стремат кон „нулта“ емисија на CO2 до 2030 година. Во декларацијата, чија главна цел е ублажување на климатските промени, а потпишана во склоп на состанокот на мрежата на градови C40, градоначалниците ветија дека од 2025 година ќе набавуваат исклучиво автобуси со нулта емисија.

Gradovi-nulta-emisija1

Потписници на декларацијата беа градоначалниците на Лондон, Париз, Лос Анџелес, Барселона, Кито, Ванкувер, Сјудад де Мексико, Оукленд, Сиетл, Милано и Кејптаун.

На конференцијата за новинари, интересно беше излагањето на градоначалникот на Лос Анџелес, познат како голем борец против климатските промени. Тој истакна дека повеќе од 382  градови во САД ќе го спроведат Парискиот Договор за климата и покрај тоа што претседателот Трамп го отфрла.

Gradovi-nulta-emisija

Мрежата во Париз организираше дводневен собир  “Together4Climate” (Заедно за климата) на кој учесниците разменуваа идеи за создавање на почисти и поздрави градови, како и поттикнување на иновациите и зелената економија.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top