Општина Центар започна со хортикултурно уредување на просторот на булеварот „Св. Климент Охридски“, спроти бензинската Макпетрол која се наоѓа на улицата „Орце Николов“.
Жителите на Центар ќе добијат нова, јавна зелена површина од 650 м2. На локацијата ќе бидат засадени 420 садници од 9 различни видови, со интересна геометриска поставеност. Дел од нив се зимзелени садници, зимзелени грмушки, листопадни грмушки, дел и цветни, со прекрасни розеви и бели цветови.
На локацијата ќе се засадат и 12 јавори со крошна во вид на чадор, поставени на квадратна основа. На целиот дел ќе биде поставен тревен бусен, а за одржување и поубав изглед на зеленилото, ќе има автоматски систем на полевање.
Новиот зелен простор во општина Центар ќе биде завршен на пролет.