Насловна / Архитектура / 12 интересни факти за Ајфеловата кула

12 интересни факти за Ајфеловата кула

Ajfelova kula izgradba po fazi

1. Изградена е во 1889 година по повод 100-годишнината од Француската револуција кога бил организиран конкурс и изложба (Paris Exposition). Учествувале над 100 апликанти, но победил проектот  на архитектонската компанија на Александар Ајфел (Eiffel et Compagnie)

2. Сопственикот на архитектонското биро по кого е наречена кулата, не е автор на проектот. Тоа е дело на еден од неговите инженери  Maurice Koechlin.

3. Во изградбата, која траела две години, учествувале неколку стотици работници.

Ajfelova kula izgradba2
4. Првичниот план бил кулата да се демонтира после 20 години. Властите одлучиле да не го сторат тоа од чисто практични причини (кулата станува важна радиотелеграфска станица).

5. Во текот на Првата светска војна има одиграно значајна улога, пресретнувајќи многу непријателски радио комуникации. Во текот на Втората светска војна кулата за малку ќе била уништена по наредба на Хитлер, но генералот кој требало да го спроведе тоа ја одбил наредбата.

6. Во период од цели 41 година е највисока зграда во светот, поточно до 1930 година кога приматот го презема Chrysler Building во Њујорк.

7. Постојат околу 40 нејзини реплики во светот (Лас  Вегас, Тексас, Токио, Кина…)

Ajfelova kula izgradba3

8. Под влијание на ниските надворешни температури се намалува за максимум 15 cm.

9. Досега ја посетиле над 250 милиони луѓе.

10. На секои седум години одново се бојосува. За тоа се трошат 60 тони боја и тим од 25 работници.

Ajfelova kula apartmanot na Ajfel

11. На четвртиот  кат изграден е апартман наменет за Ајфел, и за забава на некогашната елита, но денес е достапен за туристите.

12. За осветлување се користат  20.000 светилки.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top