Од 2006 година во Европа се одржува натпреварувањето на зелени градови, а во потесниот избор за „Green Capital Award“ 2017 година се најдоа 12 градови меѓу кои: Бурса, Истанбул, Лисабон, Печуј, Есен и Порто. Меѓународната комисија ќе изврши детална техничка проценка на секој од градовите врз основа на следните параметри: квалитет на воздухот, климатски промени, подобрување и приспособување, еко иновации и одржливо вработување, енергетски перформанси, зелени урбани подрачја, интегрирано управување со животната средина, локален превоз, природа и биодиверзитет, квалитет на акустичната средина, генерирање и управување со отпадот, пречистување на отпадните води и управување со водите.
По завршената проценка победникот ќе биде прогласен во јуни 2015 година. Досега се наградени следните градови: Стокхолм (2010), Хамбург (2011), Виториа (2012), Нант (2013), Копенхаген (2014), Бристол (2015) и Љубљана (2016).