Денес, во 19 часот, во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена изложба на дела од 54. Меѓународна струмичка ликовна колонија, што ја организира ЦК од Струмица.
На увид пред љубителите на уметноста се 25 дела создадени на оваа реномирана ликовна колонија на која лани учествувале 17 домашни и седум странски автори.
„Струмичката ликовна колонија има долга традиција и во неа поминале голем број реномирани ликовни уметници. Една од карактеристиките на оваа манифестација е слободниот израз. Слободата е најважна за авторот, ако е тој послободен, тој е и покреативен“, велат од Струмичката ликовна колонија. Изложбата во Прилеп е плод на соработката меѓу двата центри за култура- од Прилеп и од Струмица.