Насловна / Арт и дизајн / 11-ти Младински пролетен салон, доелување на награди и признанија

11-ти Младински пролетен салон, доелување на награди и признанија

На 23-ти мај 2018 година во мултимедијалниот простор на Мала станица се отвори 11-от Младински пролетен салон под наслов „ЛИКЕ“. Темата оваа година беше инспирирана од Постојаната поставка во Даут пашин амам. Овој проект и темата на истиот е во рамките на одбележување 70 години постоење на Националната галерија на Македонија.

МПС XI
Комисијата во состав : Елена Иванова, кустос, Александра Зиновски Вилиќ, кустос и Александар Тодоровски, документарист од одделение за депо во НГМ, ги доделија следниве признанија:
– Прво место за Теодор Златевски за делото инспирирано од авторот Иван Велков,
– Второ место за Георгина Спасовска за делото според Томо Шијак,
– Трето место за Клара Васиќ за дело според Никола Мартиновски

33711494_478874329197570_5522901890490171392_n
Сите три награди се доделени на ученици од СУГС „Кочо Рацин“, Скопје со што претставуваат севкупни победници во категорија на средни училишта.
– Најдобро студентско дело е доделено на Емилија Србаковска, студент при Европски Универзитет на Р.М., Скопје за делото работено според творештвото на авторот Душан Перчинков.
– Едрин Идризаи, студент на Балкански Универзитет, Скопје за најдобар плакат.
Овие две награди се во категорија – студенти.

33769818_478875162530820_910780276479623168_n
Покрај доделените награди беа доделени традиционалните признанија за колекција на Марија Пеева од СУГС „Р. Ј. Корчагин“, Скопје и за најуспешен ликовен педагог на професорот Сашо Саздовски од СУГС „Р. Ј. Корчагин“, Скопје.
На добитниците им беа врачени дипломи и нагаради и се здобија со можност за посетување на курс по цртање 2018/2019 во организација на едукативниот сектор на Националната галерија на Македонија.

unnamed

Испрати коментар

Scroll To Top