Уште пред четири гдини, Илон Маск, еден од најгенијалните луѓе на денешницата, излезе со идејата за нов концепт на копнен сообраќај. Денес, компанијата „Hyperloop One“ е на добар пат тоа да го реализира. Основниот принцип на овој вид транспорт кој Маск го објасни уште во 2013-та, е можноста за достигнување на големи брзини (близу до брзината на звукот), со користење на цевки со делумен вакуум (со цел намалување на отпорот во нив).
Неодамна, компанијата објави 11 американски тимови кои се избрани да се натпреваруваат за предложена рута низ САД. Предложените рути покриваат над 2800 милји поврзувајќи 35 градови. Изборот на овие 11 тимови е само завршница на долгиот процес на селекција меѓу 2600 учесници во проектот Hyperloop One Global Challenge.
Во почетокот на 2017 год., компанијата отвори своја канцеларија во Дубаи и потпиша договор со надлежните за сообраќајот во градот за изработка на физибилити студија за поврзување на Дубаи и Абу Даби со hyperloop линија, со што времето на патување ќе изнесува само 12 минути. Во Лас Вегас компанијата веќе има инсталирано тест постројка.
„Со Hyperloop One, ние сме на работ на првата голема пресврстница во сообраќајот во 21 век, елиминирајќи ги бариерите во време и растојание и отклучувајќи широк сет на економски можности. Овој проект е американски сон кој брзо ќе се претвори во американска реалност“, вели Shervin Pishevar, извршен директор на Hyperloop One. Нивната цел е до 2021 година, три вакви системи да бидат целосно во функција.