Насловна / Архитектура / Единаесеткатница која произведува повеќе енергија од сопствената потрошувачка

Единаесеткатница која произведува повеќе енергија од сопствената потрошувачка

Зградите што генерираат енергија, односно т.н. „Energy plus“ згради кои произведуваат енергија која ги надминува сопствените потреби, веќе не се никаква новост. Но, во конкретниов пример се работи за зграда од овој тип која не е лоцирана во Макао или Мајами, или пак на слично место со поволни климатски услови, туку во ладната Норвешка. Се работи за деловна зграда од 11 ката „Powerhouse Telemark“, сместена во малиот град Порсгрун, со 35.000 жители. Зад оваа идеја стои младиот претприемач и трговец со недвижности од Норвешка Emil Eriksrød.Powerhouse_4

Зградата има несекојневен облик на дијамант, инвестицијата чини 17 милиони УСД, а комплетното завршување е планирано за февруари 2019-та. Одржливоста како концепт не се однесува само на експлоатацијата на зградата, туку и на самата изградба. За проектот Eriksrød ангажирал силен тим. Powerhouse_2

Се работи за Snøhetta, компанија позната по дизајнот на „Куќата на Операта во Осло“, а од страна на престижниот Wall Street Journal, прогласена е за најиновативна архитектонска компанија за 2016 година.Powerhouse_3 Powerhouse_1

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top