Група од 41 градоначалник од 10 региони на јаглен во Европа, вклучувајќи и 11 градоначалници од регионот, односно од Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Црна Гора и Романија, потпишаа декларација за поддршка на транзицијата кон ерата без јаглен. Покрај градоначалниците од ЕУ членките, како Германија, Словачка, Чешка, и Полска, интересно е дека се најдоа и градоначалници од две земји кои не се членки – Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Со оглед на залжбите на новата претедателка на Европската Комисија за постигнување на климатски неутрална Европа до 2050 година, идејата е да им се помогне на регионите со енергетски капацитети на јаглен во реструктурирање на економијата. За таа цел, таа планира формирање на посебен фонд за транзицијата, наречен Just Transition fund.
А нашини градоначалници на Битола и Кичево? Хибернираат, и чекаат субвенции за инвертори??