Насловна / Архитектура / Доделена Големата годишна награда за изведен архитектонски проект за 2017 година

Доделена Големата годишна награда за изведен архитектонски проект за 2017 година

Вчера вечер во Музејот на Град Скопје, беше прогласен добитникот на Голема годишна награда за 2017 година на Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ. Добитник е архитектот Александар Карангелов за објектот „МЛ Гари – Маја“ – фабрика за полнење природна изворска вода во село Гари. Традиционално наградата ја додели Претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој е и покровител. Наградата е спонзорирана од Македонската авторска агенција и поддржана од Министерството за култура.4H5A2694

4H5A2680Присутните ги поздрави Претседателот на ААМ, Мартин Пановски, кој на кратко го изложи и годенешното делување на ААМ.4H5A2661На присутните им се обрати и Претседателот на Комисјата за доделување на наградата, ги сумираше состојбите во нашата архитектонска стварност и го образложи работењето на Комисијата, која работаше во состав: Претседател на комисијата Радован Раѓеновиќ, диа, членови: Ангел Ситновски, диа, Ана Радоњиќ, диа, Ѓоко Радовановановиќ, диа и Сашо Блажевски, диа.4H5A2662

Во образложението на Комисјата стои следното:

Градежништвото во Македонија во еден сериозен период се реализира во услови на скромни инвестиции, посебно во архитектурата.

Реализираните објекти во 2017 година со своите димензии и намени се одраз на обемот и намената на инвестираните сретства.

Пред комисијата, за избор на изграден објект во 2017 година, кој со архитектонскиот дострел ја одбележува годината, беа презентирани седум објекти.

Сите седум објекти укажуваа на авторскиот напор да се реализира објект кој со својата функција и архитектура ќе ја оплемени средината и биде израз на современите трендови во архитектурата.

Некои од презентираните објекти со својата реализација многу скромно го исполниле стремежот. Четири од реализираните објекти заслужуваат посебно внимание со својата архитектонска реализација и создаваа дилеми при изборот за најуспешна архитектонска реализација во 2017 година.4H5A2698

Еден од објектите „МЛ Гари – Маја“ – фабрика за полнење природна изворска вода е објект кој е оценет како посебно сериозно архитектонско остварување во 2017 година, на авторот архитект Александар Карангелов.

Објектот е изграден на планина, лоциран на 900 метри надморска висина, целосно во шумски амбиент.

Основната намена, функцијата на просторот во објектот се производните погони. Но, посебноста која ја условува локалитетот, во објектот се оформени простори за престој на работниците во лоши временски услови, простори за комерцијалниот сектор, простори за одмор и рекреација на вработените.4H5A2692

Посебноста, сложеноста на намените и функциите на просторите резултура во специфично сложена организација на просторите во објектот.

Реализирана е целосна, непосредна комуникација на ентериерот со надворешниот простор и целосна отвореност кон надворешните пространства.

Фасадните површини се доминантно обработени со дрво и природни, целосни камени блокови (без фуги) кои се доминантен елемент на зидните површини во екстериерот.

Црниот рамен лим на покривните површини ги нагласува брановите на покривните форми.

Оформената архитектонска целина е мелодија усогласена со музиката на планината, шумата, амбиентот.

Композицијата на функцијата, ентериерот, форми усогласени со доминантното опкружување на природата, значат архитектура со сериозен акцент.

4H5A2702

Испрати коментар

Scroll To Top