Насловна / Вести / 100% „зелена“ туристичка агенција во Дубровник

100% „зелена“ туристичка агенција во Дубровник

Dubrovnik

Оваа „зелена“ туристичка агенција е отворена минатиот ноември, а првите тури почнаа во почетокот на оваа летна сезона. Фирмата има двајца вработени, односно браќата Даничиќ кои се и сопственици на истата. Велат, работата функционира 100% електрично и 100% зелено. Набавиле електрични возила и со нив прават туристички тури низ Дубровник и околината.

dubrovnik-panorama

„Сакавме да ја збогатиме туристичката понуда на градот и донесовме на пазарот нешто ново. Им овозможуваме на туристите на еколошки начин да уживаат во убавините на Дубровник. По долго истражување, наидовме на електричните тук тук возила кои не одушевија“ – велат тие. Од идеја до реализација поминале две години во рокот на кои посетувале курсеви и се обучувале. Велат дека имаат индивидуален пристап кон гостите и тие тоа го препознаваат. Браќата раскажуваат дека реакциите се позитивни и дека имаат поддршка од локалното население.

 

Испрати коментар

Scroll To Top