Насловна / Вести / 100 граѓани во Илинден искористиле бесплатни проекти за куќи

100 граѓани во Илинден искористиле бесплатни проекти за куќи

ilinden

Од 180 инвеститори во станбени објекти во Општина Илинден во 2014 година, 100 ги искористиле поволностите што во рамките на својата иновативност им ги нуди Општина Илинден и одбрале еден од четирите понудени бесплатни проекти за изградба на семејни куќи

Покрај тоа што со моделите на семејни станбени куќи кои можат да се применат како типски објекти, граѓаните заштедуваат и до 1.000 евра, колку што чини изработката на вакви проекти, Општината ќе добие многу поубав лик.

Со бесплатните проекти се олеснува работата на администрацијата и се забрзува постапката за издавање на градежни дозволи по електронски пат, односно се скратува рокот за издавање на одобренијата за градба. Така, по плаќањето на комуналиите кои изнесуваат само две евра по метар квадратен, граѓаните за само три дена добиваат одобрение за градба.

Испрати коментар

Scroll To Top