Како школа со реалтивно краток век (од 1919 до 1930) Bauhaus школата изнедрила еминентни личности во светот на дизајнот и архитектурата и оставила значаен траг во историјата на уметноста.
Bauhaus Dessau
Наредната година Германија ќе одбележи сто години од отварање на Bauhaus школата во Weimar. Во таа чест ArchDaily собра 10 факти за Bauhaus кои треба да ги знаете.
The Master Houses во Desau
1. Ктедрата за архитектура отпочнала со работа дури осум години по отварањето
Покрај фактот дека првиот директор на школата, Walter Gropius, интересно е дека школата на почеток немала програма посветена на архитектурата. Сепак проектите како „Haus am Hirn“ во Weimar и „The Master Houses“ во Dessau се доказ дека сепак проектирањето од старт било вклучено во предавањата.
Neues Bauen Am Horn
2. Bauhaus журките биле и останале значајни за школата
Меѓутоа овие журки не се сведувале само на луд провод. Студентите и наставниците полагале сценографија и амбиент, а оваа традиција е продолжена во Dessau. Имено, секоја година во овој град се одржува прочуената Bauhaus Party, а наредната година Летниот фестивал на уметноста исто така ќе биде посветен на Bauhaus.
Bauhaus Festival Weimar
3. Цела регија во Германија се нарекува BauhausLand
И покрај вакво име, BauhausLand не е забавен парк посветен на ова движење (иако тоа би било одлична идеа), туку е цела регија во околина на Weimar во која и натаму се негува традицијата на Bauhaus. Доклку сакате да учите во ова школо, централна Германија е место за вас.
4. Наскоро се отвараат уште два музеа посветени на Bauhaus
Наредната година во Weimar ќе бидат изложени досега невидени фотографии на Erich Consemüller, додека Bauhaus Desau Foundation ќе биде обогатена за 49.000 труда.
Bauhaus Музеј во Dessau
5. Bauhaushotel хотел секако постои и сместен е на село
Хотелот крие фантастична приказна. Го изградиле Alfred и Gertrud Arndt во 1927 и некое време бил скоро, па заборавен. Меѓутоа, хотелот е оживеан кога носталгијата за 20-тите и 30-тите години на минатиот век земала замав. Денес хотелот работи со полна пареа. Во него е изложена стална поставка на Franz Ittinga, а доколку на време направите резервација, менаџерот на хотелот ќе ве поведе на интересна уметничка тура.
Bauhaushotel Probstzella
6. Gropius бил фасциниран од американски и британски керамичари
Архитектот многу вложувал во курсеви за керамика, а една од сеуште активните работилници која вреди да се посети се наоѓа во Dornbug, на некој половина час од Weimar.
7. Стив Џобс бил инспириран од Bauhaus филозофијата
„Дизијан не е само она што го гледате и чувствувате. Дизајнот се однесува и она како нешто функционира“. Ова можеби звучи како слога на Bauhaus школата, но всушност е цитат на оснивачот на Apple. Имено, Стив Џобс верувал дека формата треба да ја селди функцијата, тоа е очигледно и во светот на дизајнот и технологијата на кој тој му припаѓал.
8. Индустрискиот стил впрочем датира од времето на Bauhaus
„Großgarage Süd” во Zale (Walter Tutenberg, 1929.) е очиглчеден пример дека индустрискиот стил бил присутен во архитектурата уште на почетокот на минатиот век. Оваа необична гража и понатамо е во функција.
Гаража во местото Zale
9. Во BauhausLand се наоѓаат дури 9 локации за кои се грижи УНЕСКО
Во регионот во кој богатата историска традиција успешно се споила со модернизамот, се наоѓаат дури 9 објекти под заштита на УНЕСКО, што е исклучително ретко во светот.
10. Bauhaus преживеа токму поради тоа што школата била затворена
По затварањето на школата во 1930 година, поголем број уметници си заминале од Германија и почнале да ги пропагираат идеите далеку од „централата“. Нивното влијание останало присутно на сите континенти, што е и основна причина зошто учењето на оваа школа е релевантно и денес. Прославата на Bauhaus во Германија наредната година конечно ова движење „ќе го врати дома“.
Баухаус работилница во Weimar