Насловна / Порта3 / Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 7

Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 7

britanija12.jpgСо доградбата на Уметничкиот
музеј Џослин во Омаха, Небраска
(1992-94), Норман Фостер
покажува дека е мајстор и за создавање
на обликовно единство на старото и
новото. Новиот волумен тој го прави од
ист материјал и со иста височина како
пониското крило на стариот објект, со
тоа што воспоставува врска меѓу нив со
вовлечен стаклено-челичен кубус.
Гимназијата Алберт Ками во Фрежис,
Франција (1992-93), е поставена на еден
брег кој гледа кон морето, а нејзиниот
концепт претставува модерна
инерпретација на локалното
долговековно градителство.

 

За да се
заштити од топлото сонце, кровната
покривка е поставена на
армиранобетонски кровен аркаден
систем, во чија средина се издига
лентовидна лантерна низ која излегува
топлиот воздух. На сончевата страна се
испуштени големи конзоли со
специјално обликувани брисолеи. Под
пространата конструкција на овој
издолжен објект се развива модерно медитеранско
плоштатче со поволна микролима за престој на учениците.
Рајхстагот во Берлин, изграден од Паул Валот во 1884 година,
кој изгорува пред Втората светска војна и чија купола паѓа во
1954 година; во 90-тите години станува симбол на обединета
Германија. На конкурсот за негова обнова и пренамена за
парламент (1992) од првопласираните трудови на: Сантијаго
Калатрава, Пи де Бријн и Фостер; во вториот круг комисијата
го избира проектот на Фостер.

 

britanija13.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

По барање на Парламентот, Фостер на двапати ја менува и
дополнува идејата, така што на нов начин ја возобновува
куполата (1995-99) над собраниската сала, во вид на
функционална стаклено-челична структура. Во средината на
куполата е поставен превртен стаклен конус кој ја рефлектира
дневната светлина во внатрешноста. Под мрежестата
транспарентна покривна структура на куполата, публиката
може да се движи преку спирална рампа. Ноќе низ куполата
се осветлува небото над овој стар и нов историски објект.
Објектот функционира според принципот на одржлива
архитектура, така што речиси целосно користи обновливи
природни извори на енергија. Со помош на покривните
соларни колектори, сончевата енергија се претвора во
топлинска, а со помош на масло кое циркулира, се одведува
во сутеренот каде што се складира. На таков начин, лете
објектот се лади, а зиме складираната топлина од сутеренот
се враќа во работните простории. Куполата со својот систем
на жалузини ја забрзува вентилацијата и го попречува
навлегувањето на сончевите зраци.

 

Управата на Големиот Лондон (1999-2002) е предвидено да се
смести покрај реката Темза веднаш до
Тауер бриџ. Необичната сферична форма
на објектот произлегува од научната анализа
за одржлива архитектура, односно за
неутрализирање на негативното влијание на
сонцето лете, и за спречување на губењето
топлина зиме. Оваа високотехнологизирана
структура е дополнета со подземни
инсталации со термоизменувачи.
Во почетокот на новиот милениум, фирмата
Фостер го подига необичниот 40-катен
административно-деловен облакодер на
Сент Мери Акс, NO 30 во срцето на
деловниот центар на Лондон. Во градењето
на овој објект за потребите на една
швајцарска осигурителна компанија учество
земаат повеќе фирми, меѓу кои: друштвото
АРУП за конструкцијата и ШМИДЛИН за
специјалното застаклување. Овој објект со
облик на шишарка совршено ги задоволува
програмските задачи: да се добие
максимална површина на минимален
простор, минимални одблесоци кон
околните објекти, да се зголеми присуството на сончевите
зраци во најдолните катови и да се подобри вентилацијата.
Аеродинамичната форма го намалува влијанието на
ветровите врз конструкцијата и обвивката, така што во
приземните партии не се појавуваат вртлози. Како резултат
на наведените услови, оваа кула со 180 м височина се носи
од дијагонално развиена челична мрежа по периметар,
додека централното јадро ги прима само вертикалните
товари, со што целиот конструктивен систем е
рационализиран.

Испрати коментар

Scroll To Top