Следните дела на Џејмс
Стирлинг нудат нови раз-
мислувања за компози-
цијата на формите, така
што неговата филозофска
склоност прави пат за новиот екс-
пресионизам. Таквата тенденција е
веќе присутна кај галеријата Клор (1980-
86), како и кај доградбата на галеријата
Тејт (1985) во Лондон. Архитектурата
на последниот објект, преку изнена-
дувачката трансформација на фасад-
ните материјали, бара рамнотежа со
стариот објект.
Научниот центар во Берлин (1979-
88), како концепт претставува успе-
шна трансформација на моно-
функционалната административна
зграда во композиција од неколку
објекти со типолошки карактеристики
на: тврдина, црква, амфитеатар и
камбанарија. Овој типолошки ансамбл
се шири околу старата судска зграда
подигната во XIX век. Од друга страна,
Уметничкиот центар на Универзитетот
Корнел во Итака, Калифорнија (1983-
88) има комплексна содржина, која
се манифестира преку рамнотежа на
различните живописни волумени кои
изникнуваат од шумата.
Книжарницата за Венецијанското
биенале (1989-92) е обликувана во вид
на лоџа долга 20 м, која е сместена
меѓу дрвја токму на пристапот од
пристаништето за чамци. Сртот лебди
над остатокот од покривот со помош
на една стаклена лента, а над влезот,
врз кубичен постамент, се издига
еден цилиндер со ласерско светло.
Разнобојното светло што се пробива
низ дрвјата, го прави објектот видлив
од венецијанската лагуна. Стреата
од стрмниот кров ја покрива патеката
околу стаклениот излог на објектот,
каде што се изложуваат книгите и
каталозите за продажба.
Пед крајот на својот живот, Стирлинг
започнува да ги реализира:
– сложениот кампус на политехниката
Темасек во Сингапур (1990-95), и
– Музичкото училиште со Театарската
академија во Штутгарт (1992-96).
По болеста и смртта на Стирлинг,
фирмата продолжува да работи,
така што под раководство на Мајкл
Вилфорд и понатаму победува на
значајни меѓународни конкурси, како
што се:
– Зградата на филхармонијата во Лос
Анџелес (1988), каде што кружната
концертна сала претставува центар
на динамичната композиција, која го
почитува ортогоналниот распоред на
постојниот Градски музички центар; и
– Центарот Кјото, Јапонија (1991),
што како сложен комплекс во една
футуристичка композиција ја опфаќа
железничката станица и нејзината
околина.
Под раководство на М. Вилфорд
фирмата ја подига и Британската
амбасада во Берлин (1999-2000),
за која согласно барањата на
домаќините прави една стабилна
композиција, која сепак успева да ја
раздвижи со вовлекување на влезниот
дел и со ротација на еден негов мал
“машински” елемент.
Англиската чувствителност кон
културното наследство и авторската
умешност за адаптација и доградба
на стари вредни објекти се присутни
во делата на поголем број архитекти.
Така, на пример, Бери Гесон ја развива
оваа постапка паралелно со Стирлинг,
што е видливо кај колекцијата Барел во
Глазгов (1972-83), која содржи уметнички
дела од сликарството, скулптурата и
применетата уметност. Адаптацијата
и доградбата се направени по желба
на донаторот, така што централните
одаи на неговата резиденција се
вградени во новиот објект. Долгите
стаклени двоводни кровни ленти и
наклонетата дрвена структура со
стакло, овозможуваат максимално
дневно осветлување на експонатите.
Мултидисциплинарниот приод и тим-
ската работа се карактеристични
за архитектите во Велика Британија,
при што тешко може да се разликува
индивидуалниот придонес во созда-
вањето на одредено дело. Таков е
случајот со Ричард Роџерс, кој од 1963
година соработува со Норман Фостер,
а од 1970 година со Ренцо Пијано.
Нивниот пристап во создавањето на
центарот Жорж Помпиду во Париз
(1971-77) е посебно обработен во
рамките на првиот том од оваа
материја.