Насловна / Порта3 / Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 2

Михаил Токарев: 100 години Модерна Архитектура 2

britanija3.jpgОд 1960 година најзначајни
реализации во архитектурата
на В. Британија се прават во
областа на административните
и станбените објекти. Дотогаш,
со закон ограничената височина на објектите
до 30 м, под извесни услови е дозволено да
се надмине, така што наместо 9-10 ката,
тие добиваат и по 20-30 ката.

Алисон (1928-93) и Питер (1923-)
Смитсон
претставуваат интересен тим
во историјата на архитектурата, не само
во В. Британија, туку и во европа. Тие
се највлијателните помлади британски
архитекти во средината на ХХ век. Начинот
на кој директно, па дури и разголено го
прикажуваат не само градежниот материјал
туку и инсталациите на објектот, е наречен
необрутализам. Ова име потекнува од
прекарот на П. Смитсон, кого пријателите
го нарекувале Брут. Всушност, овој авторски
тим и неговите истомисленици ја прифаќаат
бескомпромисната архитектура на Мис
ван дер рое и Ле Корбизје, со нејзината
интелектуална бистрина и логичноста на
материјалот и конструкцијата.

Духот на англискиот пуританизам
придонесува за прифаќање на
едноставниот елегантен систем на
конструкции, при што сосема се отфрла
какво било нивно скривање. Најпознати
дела на овој тим се: училиштето Ханстентон
во Норфолк (1949-54), каде што челикот и
тулата се применети суперреалистички,
при што техничките инсталации се водат
надвор од ѕидовите и стануваат елемент
на обликувањето, како и објектите на
списанието економист во Лондон (1959-64),
кои се во вид на ансамбл од два пониски
објекти и една деловна кула.

Принципите на необрутализмот во
архитектурата на В. Британија се нашироко
применувани од голем број архитекти.
Така на пример, Високото политехничко
училиште во Лондон (1963-70) на авторскиот
тим лајонс, израел и елис, паралелно со искреното покажување на
материјалите, нуди и една динамична просторна пластика, слична на онаа
што ја применуваат Метју и Мартин.

Ерно Голдфингер (1902-87) уште во периодот меѓу двете светски војни
ги поедноставува фасадите на куќите изградени од фугирана тула, во кои
отвора големи стаклени површини. По војната, тој со соработниците го гради
Центарот Флеминг во Лондон (1962), како ансамбл на деловни објекти високи
до 15 ката.

Во втората половина на 60-тите години, ерно голдфингер ги прифаќа
предизвиците на Ле Корбизје за градење на објекти од натур-бетон. Негов
најпознат објект од тој вид е станбената кула Трелик во Лондон (1966-73), која
има нагласена скулптуралност.

Колин Сент џон вилсон (1922-), по 10-годишна соработка со Лесли
Мартин, во 1965 година отвора своја фирма, а од 1975 до 1989 година тој е
раководител на одделот за архитектура на Универзитетот во Кембриџ. Покрај
голем број стручни написи, проекти и реализации, низа години тој е ангажиран
во градењето на библиотеката Св. Панкрас во Лондон (1972-75-83). За своето
време, таа е најголемиот јавен објект во Британија, што ја заменува старата
Британска библиотека, која е претворена во дел од Британскиот музеј. Со
хоризонталните геометриски потези, овој објект ја истакнува вредноста на
присутната историска архитектура, обликувана со шилести вертикали. Таквиот
контраст меѓу старото и новото вешто е урамнотежен со помош на колоритот
на новиот објект, кој е идентичен со историскиот.

Испрати коментар

Scroll To Top