Вчера со почеток во 20:00 часот во изложбениот простор „Мала станица“ при Националната глаерија на Македонија се отвори 10-та јубилејна студентска изложба на Факултетот за архитектура и дизајн (ФАД), Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Деканот на факултетот проф. д-р Мишко Ралев во име на студентите на ФАД и наставниот кадар ги поздрави бројните посетители, студенти, професори, колеги и пријатели.
Деканот вели дека свесно или случајно овој нивни мал јубилеј го слават во година на други значајни јубилиеи, пред се најголемиот 100 години од формирањето на Баухаус, 70 годишнината од формирање на Архитектонскиот факултет при УКИМ, па и 70 годишнината од Кинеската револуција.
Така што и оваа изложба со својот скромен јубилеј започна една револуционерна идеја, Американ Колеџ прв да организира самостојни изложби.
ФАД со искуството кое веќе го има, одлучил годишната изложба да прерасне во Биенале и тоа во години кога нема други, ниту Венецијанско биенале, ниту БИМАС.
Како и сите досегашни изложби и оваа е организирана во музејско галериска институција, како дел од програмата на институциите.
10-тата јубилејна изложба на ФАД за прв пат е директно финансирана и како проект од Министерството за култура.
Деканот се заблагодари на сите оние без кои оваа изложба немаше да се случи, пред се на студентите кои ја произведоа и на Министерството за култура и Националната галерија на Македонија и ја прогласи изложбата за отворена.