Насловна / Архитектура / 10 најдобри мобилни апликации за архитектите во 2019 година

10 најдобри мобилни апликации за архитектите во 2019 година

Било да користите Андроид или iOS овие апликации за мобилни телефони може да заштедат многу време.

Сосема е сигурно дека на архитектите од големо значење би им било да имаат ефикасни помошни алатки кои ќе им ја олеснат работата на терен. Многубројни апликации може да бидат од големо значење за својата работа да ја завршат побрзо, а воедно и попрецизно. Затоа Arch2o  има направено список на 10 најдобри мобилни апликации за архитектите за 2019 година.

Mobilne-aplikacije-za-arhitekte-naslovna

1. iRhino 3D (iOS)

Доколку некој работи во програмата Rhino со оваа апликација зумирањето и поместувањето на моделот ќе биде можно и на помали направи. Најдобро од се е што моделите може да се вчитуваат и со други ресурси, како веб сајтовите, Google Drive, Dropbox, како и од маил.

Mobilne-aplikacije-za-arhitekte-01-782x441

2. MagicPlan (iOS/Android)

Може да се каже дека ова е една од најпрактичните апликации за архитекти. Апликацијата може да помогне да се премери собата, доколку архитектот нема метро. Благодарение на камерата на телефонот оваа апликација ќе ја премери собата и ќе ја нацрта основата. Најдобро од се е што оваа апликација е бесплатна.

3. Construction Master Pro (iOS/Android/Windows)

Оваа апликација ќе им помогне на архитектите во сите калкулации, вклучувајќи пресметување на површина, волумен, а тука се и другите многу напредни можности.

4. Morpholio Trace (iOS)

Кога на архитектот би му затребало хартија, а ја нема при рака тука е оваа апликација. Подобра страна на оваа апликација е во тоа што поставува шаблон со совршена перспектива, па цртањето е уште полесно и прецизно.

5. Harvest (iOS/Android)

Како и кај секоја друга работа, така и за архитектите управувањето со времето и планирањето на буџетот е од големо значење. Оваа апликација е добра за тие потреби.

6. Leafsnap (iOS)

На оваа апликација најмногу би се израдувале пејсажните архитекти. Апликацијата ги препознава видовите дрва така што се фотографира листот или цветот на дрвото. Според информациите за називот и видовите растенија се добиваат и детали за нивните структурални делови.

Mobilne-aplikacije-za-arhitekte-02-782x452

7. Sun Seeker (iOS/Android)

Архитектите повеќе не треба да се мачат со ориентацијата во просторот и оредување на движењето на Сонцето во однос на набљудуваниот објект. Апликацијата помага на најдобар начин да се организираат просториите во однос на Сонцето. Апликацијата користи интерактивни 3Д приказ кој покажува колку сончева светлина влегува во секој дел од објектот.

8. AutoCAD 360 i Autodesk FormIt 360 (iOS/Android)

Повеќе ќе нема потреба да се носат испечатени цртежи на терен. Оваа апликација овозможува пристап до вашите AutoCAD и Revit датотеки каде и да се наоѓате. Со помош на апликацијата може да се означи датотеката на која архитектот работи во тој момент со клиентот и така ќе се има увид во измените кои се случуваат.

9. Planimeter (iOS/Android)

Може во било кое време и на било кое место да се користи оваа апликација и да се измери површината на теренот. Освен тоа, благодарение на ГПС може да се одредат координатите на предметната локација, што може да биде од големо значење за пејсажните архитекти, урбанистите и градежните инженери.

10. Penultimate (iOS)

Иако е многу едноставна, оваа апликација може да биде и најмногу користена. Во најголема мера може да се користи како бележник и место за скицирање.

Испрати коментар

Scroll To Top