Не е точно познато од кога потекнува овој пронајдок без кој не може да се замисли модерното живеење, но се претпоставува дека првиот лифт бил изграден од страна на Архимед во 236 година пр.н.е. Принципот на работа останува ист и во времето на индустриската револуција. За прв модерен лифт се смета оној изграден во 1734 година еклсклузивно за Луј XV. Денес ви ги претставуваме вторите пет од десетте најнеобични лифтови ширум светот.
Gateway Arch, Сент Луис (САД)
Овој лифт овозможува да се доживее највисокиот споменик во САД. Дизајнот е на финскиот архитект Eero Saarinen, а потребни се четири минути за да се помине долж целиот лак кој го претставува споменикот.
Paternoster, Европа
И покрај својот чуден дизајн, овој вид на лифтови и понатаму има голема база на обожаватели и се ’ уште се користи главно во Германија и Велика Британија.
Bailong, Кина
Се смета за највисок лифт на светот на отворено, и изграден е на страната на карпа со височина од 305 метри. Името значи „лифт на сто змејови“ и пружа неверојатен поглен на околината.
Autostadt, Германија
Овој необичен лифт во Autostadt, што значи „град на автомобилите“, отворен е во мај 2000-та до фабриката на Фолксваген во Волсбург. Привлекува два милиони посетители секој ден. Содржи хотел, ресторани, музеј и други атракции. Лифтот всушност се состои од два автомобилски силоси, икони на дизајнот на овој бренд.
Globen Skyview, Стокхолм
Skyview гондолите на зградата на Ericson Globe во Стокхолм им нуди на посетителите 20-минутно патување околу обвојницата на зградата, која е најголема зграда со хемисферичен облик во светот. Висока е 85 метри и има дијаметар од 110 метри.